Јуратовиќ прогнозира „зелено светло“ од Бундестагот


Германскиот парламент се подготвува за расправата за Северна Македонија. Пратениците од Бундестагот на 26 септември ќе одлучуваат дали ќе ѝ дадат зелено светло на земјава за почеток на преговорите, односно да ѝ овозможат на владата на Ангела Меркел да се согласи на ниво на ЕУ. Одлуката веројатно ќе ја подразбистри сликата околу тоа што може …

Јуратовиќ прогнозира „зелено светло“ од Бундестагот Read More »

Електронски систем за наплата на сите патарини со 13,7 милиони евра


Со 13,7 милиони евра средства обезбедени од ЕБОР и Буџетот, ќе се воведе електронски систем за наплата на сите патарини, со што ќе се забрза транспортот, ќе се олесни протокот на возила и ќе се намали метежот. Средствата во износ од 13 милиони евра се од ЕБОР, а државата обезбедува 700 илјади евра. Договорот за …

Електронски систем за наплата на сите патарини со 13,7 милиони евра Read More »

Во светот се одржуваат демонстрации за климатски промени


Илјадници претежно млади луѓе излегоа на улиците во  Австралија и азископацифичките земји и ги почнаа глобалните протести со кои ги повикуваат светските лидери на самитот на ОН за климатски промени да донесат итни мерки за да се спречи еколошка катастрофа. Протести, кои ги иницира 16-годишна шведска активистка Грета Тинберг, се планирани во околу 150 држави. …

Во светот се одржуваат демонстрации за климатски промени Read More »

Трамп ги тужи њујоршкиот обвинител Сајрус Венс помладиот и неговата книговодствена фирма


Американскиот претседател Доналд Трамп ги тужи кинговодствената фирма што претходно ја ангажирал а која има намера да ги објави неговите даночни пријави за увид во повратот на данок и њујоршкиот обвинител Сајрус Венс помладиот затоа што бара обелоденување на овие документи. Трамп изјави дека нема намера да отстапи во борбата со Венс, областен обвинител на …

Трамп ги тужи њујоршкиот обвинител Сајрус Венс помладиот и неговата книговодствена фирма Read More »

Со каков аршин се мери должината на притворот за Јанева?


Во заднина на дебатата поттикната од пратеникот Антонио Милошоски за тоа дали премиерот Зоран Заев се обидувал да влијае за ослободување на Катица Јанева од притвор, Кривичниот совет во судот во Скопје донесе одлука со која, на барање на Обвинителството, за нови 30 дена ѝ го продолжи престојот во „Шутка“ на поранешната специјална обвинителка. Сепак, …

Со каков аршин се мери должината на притворот за Јанева? Read More »

Уште десет дена пријавување за „Скопје Трча 10К“


Остануваат уште десет дена за пријавување за третата по ред трка „Skopje Run 10K“ која ќе се одржи во недела на 6 октомври 2019 година, со почеток во 9 часот. Сите заинтересирани треба да се пријават на http://www.skopje.run или www.smartrace.club. Организаторите на агендата ставија две трки: На 10 км и штафетна трка 2 х 5 …

Уште десет дена пријавување за „Скопје Трча 10К“ Read More »

Нови искази за „Рекет“, Агапи Дика и Азманов во Обвинителството


Претседателката на собранието на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, Агапи Дика утрово околу 10 часот дојде во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција каде е повикана да даде исказ за случајот „Рекет“. Во текот на денов исказ во Обвинителството треба да даде и бизнисменот Зоран Азманов кој поднесе кривична пријава против Боки 13 …

Нови искази за „Рекет“, Агапи Дика и Азманов во Обвинителството Read More »

Со поддршка од Светска банка ќе се јакне одржливоста на јавните финансии и ќе се подобрува конкуретноста


Светска банка со заем од 125 милиони евра ќе и помогне на државава да ја зајакне одржливоста на јавните финансии и да ја подобри конкретноста на пазарот. Заемот е одобрен денеска од страна на Бордот на извршни директори на Светската банка. Оттаму информираат дека со заемот за развојни политики ќе се поддржат реформите насочени кон …

Со поддршка од Светска банка ќе се јакне одржливоста на јавните финансии и ќе се подобрува конкуретноста Read More »

Концерт на популарните „Тајгер лилис“ во МКЦ


Славејќи 30 години во бизнисот, „кумовите“ на алтернативното кабаре „Тајгер лилис“ вечерва во 22 часот ќе настапат со нивниот нов албум во Младинскиот културен центар во Скопје. Светот на „Тајгр лајс“ е мрачен, чуден и разновиден, со моменти на длабока тага, суров црн хумор и неверојатна убавина. Во овој нов настап, бендот ќе ве однесе …

Концерт на популарните „Тајгер лилис“ во МКЦ Read More »

Скопска премиера на претставата „Несоодветно за на работа“ на МОТ


Претставата „Несоодветно за на работа“ во изведба на Драмски театар вечерва ќе ја има својата скопска премиера во рамките на 44. издание на Младинскиот отворен театар (МОТ). Претставата е по текст на британската авторка Луси Кирквуд, а во режија на холивудскиот актер Доналд В. Мофет. Премиерната изведба ќе биде на сцената на Драмски театар со …

Скопска премиера на претставата „Несоодветно за на работа“ на МОТ Read More »

Намалена побарувачката за патнички возила во ЕУ


Последниот извештај на Здружението на европските производители на автомобили констатира дека побарувачката и регистрацијата на нови патнички возила бележи пад од 3,1 отсто во првата половина од 2019 година, во споредба со истиот период лани. Иако е забележан мал раст од 0,1 отсто во мај, продажбата на автомобили повторно значајно се намалила следниот месец за …

Намалена побарувачката за патнички возила во ЕУ Read More »

Ден без автомобили во 13 градови во земјава


Со велосипедски дефилеа денеска во Скопје и во уште 12 градови ќе биде заокружена Европската недела на мобилност што се одбележува од 16 до 22 септември. Велосипедското дефиле по повод одбележувањето на Денот без автомобили 2019 ќе стартува во 11:30 часот од паркот „Ибни Пајко“ зад Националната филхармонија. Велосипеди ќе возат скопскиот градоначалник Петре Шилегов, …

Ден без автомобили во 13 градови во земјава Read More »

Операта „Дидо и Енеј“ од Хенри Персл во Филхармонија


Во камерната сала на Филхармонијата вечер од 20 часот премиерно ќе биде изведена операта  „Дидо и Енеј“ од Хенри Персл, со настап на македонскиот баритон Васил Гарванлиев и канадската сопранистка Криста де Силва, која првпат гостува на македонската сцена. Организтор е Уметничкиот центар „Полифонија“. „Дидо и Енеј“ е автентична, концертна изведба на љубовната приказна преточена …

Операта „Дидо и Енеј“ од Хенри Персл во Филхармонија Read More »

Високи оценки за „Светот на Биби“ на Саем на цртани филмови во Тулуз


„Светот на Биби“ добил највисоки оцени на презентацијата на Саемот на цртани филмови што се одржа во Тулуз, Франција, во сите категории по кои проектите се оценуваат на големиот Картун-форум кој собира илјадници учесници, – Претставници на големи продукциски студија присуствуваа на презентацијата на која се обратија продуцентите Стојче Ѓорѓиев, Марјан Алексовски и Жарко Стојаноски, …

Високи оценки за „Светот на Биби“ на Саем на цртани филмови во Тулуз Read More »

Невреме во северниот дел на Грција


Невремето што доцна синоќа го зафати северниот дел на Грција предизвика материјална штета на домови, а противпожарната служба интервенирала во девет случаи за спасување луѓе во Солун, објавија локалните медиуми, jави дописничката на МИА од Атина. Паралелно противпожарната служба на Грција интервенира во испумпување вода од домовите, а добила вкупно 150 повици за помош. Невремето …

Невреме во северниот дел на Грција Read More »

Нетанјаху заробен во својот лавиринт


Тој беше очаен и остана покус. Премиерот Бенјамин Нетанјаху го згасна своето внатрешно битие во пресрет на изборите во Израел – промовирајќи анексија на голем дел од Западниот Брег, поттикнувајќи омраза кон израелските Арапи, зборувајќи за заговори против него – само за да открие дека на Израелците можеби им е смачено од него. Конечните изборни …

Нетанјаху заробен во својот лавиринт Read More »

Лаура Ковеси ќе стане главен обвинител на ЕУ


Романскиот кандидат Лаура Кодрута Ковеси ќе стане првиот главен јавен обвинител на ЕУ. Во промена на позицијата, амбасадорите на ЕУ во четвртокот гласаа за поддршка на Ковеси, изјавија официјални лица за „Политико“. Две официјални лица изјавија дека за Ковеси гласале 17 амбасадори, а била потребна поддршка 12 од 22 земји членки кои учествуваат во новото …

Лаура Ковеси ќе стане главен обвинител на ЕУ Read More »

Мицкоски ќе се извини кога ќе згреши


ЕРОЛ РИЗАОВ Христијан Мицкоски, по кој знае кој пат пред јавноста, најблаго кажано, даде проблематичен одговор на прашањето дали ќе им се извини на граѓаните на Македонија за злоделата направени за време на 11-годишниот период на груевизмот. Мицкоски го кажува рутински истренираниот ступиден и стереотипен одговор, кој очигледно многу му се допаѓа – дека тој со тоа нема …

Мицкоски ќе се извини кога ќе згреши Read More »