Високи оценки за „Светот на Биби“ на Саем на цртани филмови во Тулуз


„Светот на Биби“ добил највисоки оцени на презентацијата на Саемот на цртани филмови што се одржа во Тулуз, Франција, во сите категории по кои проектите се оценуваат на големиот Картун-форум кој собира илјадници учесници,

– Претставници на големи продукциски студија присуствуваа на презентацијата на која се обратија продуцентите Стојче Ѓорѓиев, Марјан Алексовски и Жарко Стојаноски, како и режисерот на „Светот на Биби“ – Гоце Цветановски, соопшти продукцијата.

Меѓу гостите биле претставници на: „BBC Children“, „Disney Channels Worldwide“, „Happy Family Entertainment“, „Kedoo“, „Monster Entertainment“, WeKids, Studio 100 Media, DreamWorks Animation Television, TV5MONDE, од Францускиот национален центар за кинематографија и анимација, Холандскиот филмски центар, Чешката телевизија…

– Многу сме среќни што имавме публика која беше одушевена од презентацијата, особено од тоа што сè е направено за кратко време во рамките на проектот. Добивме највисоки оцени и одлични коментари, велат од тимот на „Светот на Биби“.