Трамп ги тужи њујоршкиот обвинител Сајрус Венс помладиот и неговата книговодствена фирма

Американскиот претседател Доналд Трамп ги тужи кинговодствената фирма што претходно ја ангажирал а која има намера да ги објави неговите даночни пријави за увид во повратот на данок и њујоршкиот обвинител Сајрус Венс помладиот затоа што бара обелоденување на овие документи.

Трамп изјави дека нема намера да отстапи во борбата со Венс, областен обвинител на Менхетен, кој бара објавување на даночни декларации на претседателот од последните осум години.

Како што соопшти денеска „Блумберг“, во одговор на барањето на окружното обвинителство, адвокатите на Трамп поднеле тужба против Венс од име на претседателот „за суштествени уставни прашања во тоа дело“.

Случајот е поврзан со наводните исплати што ги направил личниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, кон порно актерката Сторми Даниелс, и кон друга жена, откако тие тврдеа дека имале афера со Трамп.

Претседателот негираше дека имал афери и било каква злоупотреба.