Концерт на популарните „Тајгер лилис“ во МКЦ


Славејќи 30 години во бизнисот, „кумовите“ на алтернативното кабаре „Тајгер лилис“ вечерва во 22 часот ќе настапат со нивниот нов албум во Младинскиот културен центар во Скопје.

Светот на „Тајгр лајс“ е мрачен, чуден и разновиден, со моменти на длабока тага, суров црн хумор и неверојатна убавина. Во овој нов настап, бендот ќе ве однесе на патување до „Devil’s Fairground“, каде што чекаат искушението и гревот.

Формирани во 1989, номинираните за „Греми“, остануваат еден од најуникатните, провокативни бендови, кои може да ги сретнете. Музиката што ја произведуваат е мешавина од предвоено берлинско кабаре, анархична опера и ромска музика, повторувајќи ги гласовите на Бертолт Брехт и Жак Брел.

Песните на бендот ги покриваат сите темни аспекти на животот, од проституција и зависност од дрога до насилство и очај, секогаш инфилтрирани со допир од превртен хумор и остра иронија.

Бендот „Тајгер лилис“ настапувал насекаде по светот, соработувајќи со артисти од сите дисциплини: од циркуски изведувачи до Шекспир актери, експериментални танчари до авангардни фотографи и бурлески кукли на класични музички ансамбли. Ја добиле и наградата „Оливиер“за нивниот хит „West End musical Shockheaded Peter“ (кој го имаат напишано и глумат во спотот).