Австралиски новинар за кригла пиво во хотел платил 61.356 евра


Австралија– Питер Лејлор, новинар за еден австралиски весник, платил астрономска сума за кригла пиво во хотелот Малмезон, откако денот го минал гледајќи крикет на Олд трафорд. – Одлучив на враќање да се напијам едно пиво, а отидов во тој хотел бидејќи таму ми беа сместени пријателите, појасни новинарот. Тој вели дека додека плаќал не ги […]

„Амазон“ по грешка предвреме го објави новиот роман на Маргарет Атвуд


САД- „Амазон“ усреќи неколку читатели кои направиле рана резервација за новата книга на Маргарет Атвуд кога по грешка го испорача вториот дел од „Приказната на робинката“ цела недела порано. Издавачката куќа на книгата „Тестаменти“ изјави дека се работи за мал број копии што по грешка биле испорачани од страна на „Амазон“. „Пингвин рандом хаус“ ги […]

Тркачот во Формула 3, Перони чудесно преживеа страшна несреќа 


Италија – Возачот во Формула 3, Алекс Перони, имаше огромна среќа при денешниот инцидент на италијанското Гран-при во Монца. Неговиот автомобил по излегувањето од патеката во еден своик буквално летна во воздухот и по неколку превртувања слета на заштитната ограда, а од него се разлетаа делови на сите страни. Перони помина само со неколку модринки […]

Тројца повредени на патот Маврови Анови-Дебар


Три лица се повредени откако автомобилот со кој се превезувале излетал од коловозот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар. Сообраќајната несреќа се случила изутрината околу 8 часот во близина на скудрињски мост. Од сé уште непознати причини, возачот на возилото „Пасат“ со албански регистерски ознаки изгубил контрола. Покрај возачот А.Б. (32) албански државјанин, во болниците во […]

Тепачите на тетовскиот лекар заработија кривична пријава


Кривична пријава денеска заработија браќата од тетовска Голема Речица за претепувањето на лекарот од тетовската Клиничка болница. Како што соопшти МВР, Секторот за внатрешни работи Тетово денеска поднесе кривична пријава против А.Б.(43) од тетовска Голема Речица и неговиот брат Л.Б.(40 ) од Тетово, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“. Тие се сомничат […]

Роналдо е најбрзиот напаѓач на Италија во првите три кола


Италија– Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо стана најбрзиот напаѓач на Италија во првите три кола од новата сезона, пренесува „Футбал Италија“. Максималната брзина на 34-годишниот Португалец беше 34,62 км на час. Според овој индикатор, Роналдо во Серија А е втор по дефанзивецот на Наполи, Костас Манолас кој забележа 35,41 км/час. По Роналдо, на листата на најбрзи […]

Светски ден на физиотерапевтите: Големи се бенефитите од физиотерапијата во третманот на хроничната болка


Физиотерапијата има важна улога во третманот на хроничната болка. Бенефитите од неа се подобрување на флексибилноста и мобилноста на локомоторниот апарат, на кардиореспираторните перформанси, на расположението и генералната состојба, зголемување и одржување на мусулкаторниот тонус, зголемување на самодовербата за активно учество во физичката активност, помош при контрола на болка, преземање контрола врз сопствениот живот и […]

Филхармонија го доби правото на трајно користење на опремата и инвентарот


Министерството за култура му го пренесе правото на трајно користење на опремата и инвентарот во надлежност на Националната филхармонија – Скопје, а во списокот на евиденција може да се види колку чини поединечно се’ што е набавено своевремено пред отворањето на објектот во 2017 кој чинеше помеѓу 30 и 40 милиони евра. За 108-те плакари […]

На ГП Богородица и Табановце се чека од 10 до 30 минути


На Граничниот премин Богородица за влез и излез од државава се чека од 10 до 20 минути додека на ГП Табановце од 20 до 30 минути. Како што соопшти АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и […]

Забранет влез во Хрватска на делегација на Војската на Србија


Србија– На делегација на старешини, кадети и питомци од воено-образовните иниституции на Војската на Србија (ВС) денеска им беше забранет влез во Хрватска. Делегацијата која била најавена, требало да присуствува на одбележувањето на денот на „Јасеновачките новомаченици“ во Хрватска. На граничниот премин Батровци- Бајаково, на српско-хрватската граница делегацијата била сопрена, задржана и претресена, од страна […]

Честитка од Макрон за Денот на независноста


По повод Денот на независноста 8 Септември, порака со честитки до претседателот Стево Пендаровски и до македонските граѓани упати  претседателот на Франција, Емануел Макрон. Во честитката францускиот претседател пишува дека годината ја обележа стапувањето во сила на Преспанскиот договор како и потпишувањето на протоколот за приклучување на нашата земја во НАТО и дека предлог-законот кој ќе овозможи […]

Во Бигорски се очекува масовно присуство на верници на денот на патронот


Познатото македонско древно светилиште Бигорскиот манастир се подготвува за одбележување на отсекувањето на чесната глава на неговиот славен патрон и небесен застапник, великиот пророк, претеча и крстител господов Јован. По тој повод бигорската обител упати покана за достојно и со почит одбележување на  патронот. -Славното Бигорско светилиште, кое низ вековите било гордост на нашите предци […]

Украинските морнари и режисерот Сенцов се на слобода


Русија – Украинските морнари кои се обвинети дека илегално ја минале руската граница кај Креченскиот Теснец во ноември минатата година, пуштени се на слобода со лична гаранција на комесарот за човекови права на украинската Рада Људмила Денисова, јави ТАСС. Адвокатот на еден од морнарите, Денис Гриценко, изјави дека Денисова гарантирала дека сите 24 морнари ќе учествуваат […]

Пожари беснеат на источниот брег на Австралија


Австралија– Австралиските пожарникари се борат со силниот ветер кој придонесува за брзо ширење на огнената стихија, со цел да ги стават под контрола пожарите кои го зафатија источниот брег на Австралија. Повеќе од 100 пожари се активни во Квинсленд и Нов Јужен Велс, а метеоролозите велат пожарикарите да не сметаат на помош од природата, со […]

Во Охрид утре ќе се одржи 33. Меѓународен традиционален атлетски маратон


По повод празникот на независноста утре долж источното крајбрежје на Охридското Езеро 33-ти пат ќе се одржи Меѓународниот охридски атлетски маратон. Стартот на трката е во 09:00 часот, а ќе се трчаат 30 километри од стартот кај Свети Наум до целта поставена на Кејот на езерото во Охрид. Станува збор за еден од најстарите маратони […]

Кара Делавињ е најплатена британска манекенка


Англија– Манекенката и актерка Кара Делавињ (27) ја симна од тронот Кејт Мос (45) со заработката. Лани заработила 21, 5 милиони фунти, за разлика од Мос која заработила 9 милиони фунти. На трето место по заработка е Рози Хантингтон-Вајтли (32) со 8 милиони фунти. Како заштитно лице на „Шанел“ и други луксузни брендвови, Делавињ е […]

Објавени резултатите за прием на студенти во студентските домови


Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за прием на студенти на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во студиската 2019/2020 година – за градот Скопје. Во соопштението на веб страницата на МОН е наведено дека по објавување на резултатите, студентите имаат право на приговор во рок […]

Биљали, Узунов, Спасов… веќе не се советници на премиерот  


Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана е единственото ново „име“ во последниот список на надворешни соработници во кабинетот на претседателот на Владата, Зоран Заев. Во овој список, што на барање на „Независен весник“ ни го достави прес-центарот на владата, недостигат неколку  познати имиња што беа ангажирани до неодамна како советници во […]

Белград: Како конц-логорот Старо сајмиште стана градинка


Сивата зграда, слична на кутија, во која се наоѓа градинката „Савско обданиште“ служеше за разни цели низ годините. Во еден момент тоа беше ресторан; кога ќе се прошетате низ влезната врата, се наоѓате опкружени со мувла, кафеав мебел за јадење во стилот на 1970-тите години. Кога ќе влезете подлабоко внатре, вратата води во она што […]

Биба Додева победи на поп-вечерта на „Охрид фест- Охридски трубадури“


Со песната „Како некогаш“ Биба Додева победи синоќа на поп-вечерта на фестивалот „Охрид фест- Охридски трубадури“. Пејачката вели дека е автобиографска и во неа пее за љубовта на својот живот која што ја загубила. На музиката и на аранжманот на моќната балада на Владимир Дојчиновски- Дојчин совршено легна приказната на текстот која ја напиша поетесата […]