Објавени резултатите за прием на студенти во студентските домови

Фото: Б. Грданоски
Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за прием на студенти на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во студиската 2019/2020 година – за градот Скопје.

Во соопштението на веб страницата на МОН е наведено дека по објавување на резултатите, студентите имаат право на приговор во рок од пет дена, (од денот на објавување на резултатите) кој се поднесува во архивата на Министерството за образование и наука – со назнака до Комисијата за студентски домови за градот Скопје.

Напоменуваат дека согласно објавениот Конкурс за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во студиската 2019/2020 година, сместувањето во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, ќе се врши само во реновираните блокови А и Б.

Резултати по приговорите, ќе бидат објавени на интернет страната на Министерството за образование и наука на 23 септември.

Список на примени кандидати од повисоките години во студентскиот дом Гоце Делчев – Скопје

Список на примени кандидати од повисоките години кои аплицирале во Гоце Делчев – Скопје, но поради ограничен број на места, примени се во други домови во Скопје

Список на примени кандидати од повисоките години во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу – Скопје

Список на примени кандидати од повисоките години во студентскиот дом Стив Наумов – втора зграда – Скопје

Список на примени кандидати од повисоките години во студентскиот дом Стив Наумов 3-та зграда – Скопје

Список на примени кандидати од повисоките години во студентскиот дом Стив Наумов нови бараки – Скопје

Список на примени кандидати од повисоките години кои аплицирале во Стив Наумов нови бараки – Скопје, но поради ограничен број на места, примени се во други домови во Скопје

Список на примени кандидати од повисоките години во студентскиот дом ДСД Пелагонија – Скопје

Список на примени кандидати од повисоките години во студентскиот дом ДСД „Томе Стефановски Сениќ – Скопје

Список на кандидати кои не исполниле некои од условите утврдени во Конкурсот за сместување во студентските домови на територијата на град Скопје.