Забранет влез во Хрватска на делегација на Војската на Србија


Србија– На делегација на старешини, кадети и питомци од воено-образовните иниституции на Војската на Србија (ВС) денеска им беше забранет влез во Хрватска.

Делегацијата која била најавена, требало да присуствува на одбележувањето на денот на „Јасеновачките новомаченици“ во Хрватска.

На граничниот премин Батровци- Бајаково, на српско-хрватската граница делегацијата била сопрена, задржана и претресена, од страна на хрватските цариници, при што биле најдени службени униформи на српската Војска.

Од страна на хрватските цариници на делегацијата и било соопштено дека не можат да ги носат униформита и дека им е забранет патот во Хрватска, по што се вратени во Србија.

Во документот, во кој се наведени причините за одбивањето на влезот, се наведува дека делегацијата немала соодветна документација со која би се оправдала целта и условите на нивниот престој, како и дека на увид не се обезбеден докази за патувањето од други причини.