Вандализам со патни знаци – човечкиот живот превисока цена


На патиштата низ државава патниците „ги пречекуваат“ глетки со уништени знаци или само столбови на кои биле поставени пред да бидат откорнати патокази, наопаку свртени табли или, пак, покриена содржина со боја на важните известувања за возачите за брзината на движење, правецот за свртување… Надлежните институции велат дека редовно прават контроли и ги „поправаат“ последиците […]

Сончево со умерена облачност, попладне дожд со ретки грмежи


Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18 степени, а дневната од 22 до 31 степен. Во Скопје и околината утринската температура ќе достигне до 16 […]

Честитка од Помпео по повод Денот на независноста


Американскиот државен секретар Мајк Помпео го честиташе Денот на независноста на Република Северна Македонија и изрази поддршка за евроатлантските интеграции. -Во име на Владата на САД и американскиот народ, упатувам честитки честитам на народот во Република Северна Македонија по повод 28 години независност, наведува Мајк Помпео во честитката, соопштено е од Стејт департментот. Тој го […]

Макрон им се извини на Албанците за пропустот со химната


Францускиот претседател Емануел Макрон му се извини на албанскиот премиер Еди Рама и на сите Албанци за пропустот со химната што се случи вчеравечер пред квалификацискиот натпревар за ЕУРО 2020 меѓу националните тимови на двете земји. Организаторите на натпреварот наместо химната на Албанија ја пуштија химната на Андора, а подоцна и се извинија на Ерменија. […]

Младите од Европа учат во Струга како да решаваат конфликти


Вкупно 35 млади од петнаесет земји низ Европа учествуваат на десетдневниот семинар (Get updated – project for professional development of youth workers) во Струга каде воглавно учат како да се справат со конфликтни ситуации. Во тренинг курсот за надоградување на способностите на младинските работници што го организираат Волонтерскиот центар Скопје и ФАЈО фондацијата од Велика […]

Ставен под контрола шумскиот пожар на вториот крак на Халкидики


Противпожарната служба на Грција го стави под контрола шумскиот пожар што изби во централниот дел на Ситониа, на вториот крак на Халкидики, jави дописничката на МИА од Атина. Во справувањето со огнените јазици учествуваа 23 пожарникари со 11 возила и два авиони. Градоначалникот на Ситонија, Кипарисис Деплас, говорејќи за порталот на весникот „Етнос“, вели дека […]

Невреме во Тетовско проследено со град и поплавени улици


Грмотевици, град, силен дожд и ветер ги зафати неколку села во општина Теарце во Тетовско попладнево околу 18 часот. Во Лешок, Слатино и Теарце жителите сведочат за интензивно невреме во траење од повеќе од половина час. -Почна со дожд и ветер, што се засилија, па започна град да паѓа. Поради многу дожд водата се насобра […]

За гласање на изборите во Косово до сега се пријавиле 13 илјади лица од дијаспората


Неполни три дена пред истекот на законскиот рок, Централаната изборна комисија на Косово (ЦИК) примила околу 13 илјади барања од дијаспората за регистрирање како гласачи на вонредните парламентарни избори што ќе се одржат на 6 октомври, јави дописникот на МИА од Приштина. Портпаролот на ЦИК Ваљмир Елези за весникот „Зери“ изјави дека рокот за пријавување […]

(ФОТО) Шумски пожар на вториот крак на Халкидики


Во централниот дел на Ситонија, на вториот крак на Халкидики, попладнево изби шумски пожар, во кој интервенираат 23 пожарникари со 11 возила и два авиони, jави дописничката на МИА од Атина. Грчката новинска агенција АНА-МПА повикувајќи се на информации од противпожарна служба објави дека не се во опасност населени места, а гори борова шума. Командирот […]

Леклер најбрз во Монца, втора победа во низа за Ферари


Пилотот на Ферари, Шарл Леклер е победник на трката во Формула 1 возена попладнево на Монца за Големата награда на Италија. Тој успеа да ја искористи пол-позицијата и триумфира втор пат по ред пред големите конкуренти. На второто место се најде Валтери Ботас од Мерцедес, додека трет беше неговиот клупски колега Луис Хамилтон. Леклер на […]

Заев: Работиме со одговорност за државата, повикувам на совесно и одговорно однесување


Имаме, и тоа какви причини, денес посебно, во тридецениската независност, да се чувствуваме и достоинствено, и среќно, и мотивирано – убаво. Еве ја Република Северна Македонија пред позитивната одлука за датум за почеток на преговорите со ЕУ. Еве сме на заокружувањето на интеграциите, како 30-та земја членка на НАТО. Еве сме во процес на економски развој […]

Мицотакис: За сега не е предвидена средба со Заев, но во некој момент ќе се сретнеме


Сѐ уште не е предвидена некоја средба со господинот Заев, но очигледно е дека во некој момент ќе се сретнам со господинот Заев, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, одговарајќи на новинарско прашање за време на денешната прес конференција во рамките на Меѓународниот саем во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. Едно од прашањата упатени […]

(Фото) Жбогар игра оро за Денот на независноста


На прославата во Градскиот парк во Скопје, по повод Денот на независноста, евроамбасадорот Самуел Жбогар заигра македонско оро, додека пееше Виолета Томовска. Жбогар играше на песната „Македонско девојче“.

Жан-Ив ле Дријан отфрла можност за ново пролонгирање на Брегзит


Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дријан отфрли какво било натамошно одложување на излегувањето на Велика Британија од ЕУ, кое во моментов е закажано за 31 октомври. – Во сегашните околности … не! Нема да поминуваме низ истата работа на секои три месеци, изјави францускиот дипломат во интервју за француска телевизија. – Британците велат […]

Димковски: Секогаш сме тука за лозарите


Секогаш сме тука за лозарите, истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, кој присуствуваше на манифестацијата „Тиквешки гроздобер” во Кавадарци.   – Посакувам добра берба и добар квалитет на грозјето, а од него да се направат добри производи од грозје, нагласи министерот, осврнувајќи се на дел од Законот за винарство, кој веќе […]

Без инциденти заврши првата Парада на гордоста во Сараево


Во Сараево денеска, без никакви инциденти, заврши првата Парада на гордоста, на која присуствуваа над илјада луѓе. Членот на Организацискиот комитет на првата Парада на гордоста во БиХ Бранко Ќулибрк изјави дека не постои институционална поддршка за правата на ЛГБТИ- лицата. – Сè уште немаме закон за истополовно партнерство. На транс-луѓето не им е одобрен […]

Ангеловски: Респект за Летонија, но ние одиме на победа


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски на прес – конференцијата во пресрет на утрешниот натпревар против Летонија рече дека очекува победа. – Го респектираме тимот на Летонија, знаеме дека имаа лош натпревар против Австрија, но понекогаш тоа не мора да значи многу. Очекувам да одиграме мотивирано, енергично и да победиме. За нас е ова […]

(Видео) „Мерцедес“ направи гробишта од нови автомобили – пропаднаа милијарда евра


Германската јавност е заинтригирана од фотографија на која се гледаат 9.000 нови возила на „Мерцедес“ паркирани на 2,5 киломтери долга авионска писта на воениот аеродром во Ахлхорн. Како што јави радио Бремен, се работи за 9.000 автомобили со вкупна вредност од речиси милијарда евра кои „Мерцедес“ бил присилен да ги остави на оваа локација. Причините […]

Мицкоски од Кораб: Македонија е нашето се`


  Денес на 2.764 метри надморска висина, врвот Кораб највисокиот во нашата преубава Македонија. Денеска 8 септември Денот на независноста, да го славиме вечно, се додека сонцето го изгрева утрото. Да се избориме за нашата земја, во ова време, невреме, кога силно не влечат на дното, кога животот станува пекол, а секој од вас чувствува […]

Груевски со гордост се сеќава на 8 септември 1991 година


Поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски преку социјалните мрежи се присети на 1991 година кога Македонија прогласи независност на 8 септември. Тој вели дека стоел на плоштадот чекајќи ги резултатите од референдумот и помислил дека правиме држава. „Бев студент и само што бев наполнил 21 година. Вечерта на 8 септември кога дојдов на плоштадот, тој […]