Груевски со гордост се сеќава на 8 септември 1991 година

Поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски преку социјалните мрежи се присети на 1991 година кога Македонија прогласи независност на 8 септември.

Тој вели дека стоел на плоштадот чекајќи ги резултатите од референдумот и помислил дека правиме држава.

„Бев студент и само што бев наполнил 21 година. Вечерта на 8 септември кога дојдов на плоштадот, тој беше веќе полн и во исчекување на резултатите од гласањето на референдумот. Додека стоевме и чекавме објавување на резултатите се сеќавам дека искоментарав дека всушност денес правиме држава.
Ќе имаме своја држава- Македонија, гордо додадов“, напиша во својот статус Груевски.

Бев студент и само што бев наполнил 21 година. Вечерта на 8 септември кога дојдов на плоштадот, тој беше веќе полн и во…

Posted by Nikola Gruevski on Недела, 08 септември 2019