Избори за нов состав на московската Дума


Во Москва утрово почнаа изборите за градската Дума, со право на глас на 7,3 милиони граѓани. Алексеј Венедиктов, шеф на јавниот штаб за набљудување на изборите, на својот налог за Телеграм напиша дека речиси пет проценти од гласачите гласале по електронски пат во првите 15 минути од изборите. Експериментот за електронско гласање денеска се спроведува […]

(Видео) Заев: Македонскиот бисер од школката почнува силно да сјаје


Денот на независноста – 8 септември 1991 година ни покажа дека слободата и самостојноста ги имаат најубавите бои. Дека радоста, среќата и убавината што ја преплавија тогаш нашата татковина треба да ги паметиме и да ги носиме со нас секогаш кога ќе се соочуваме со искушенија и опструкции на нашиот пат. Тоа се нашите бои, […]

Врачена државната награда „8 Септември“


Борачот Томе Коцев, спортскиот лекар Слободан Николиќ, кајакарот Атанас Николовски и фудбалерот Кочо Димитровски, легендата на ФК Вардар, се добитниците на државната награда „8 Септември“ во областа на спортот. Наградата на добитниците денеска им беше врачена во Собранието на Република Северна Македонија. Николовски службено беше отсутен, а наградата ја прими неговиот син и дел од […]

Ван Дајк се согласи на шестгодишен договор со Ливерпул


Одбранбениот фудбалер Вирџил ван Дајк ќе потпише нов договор со Ливерпул. Според „Мирор“ премиерлигашот се договориле со 28-годишниот Холанѓанец за шестгодишен договор со зголемување на платата. Актуелниот договор на Холанѓанецот со „црвените“ важи до 2023 година. Оваа сезона, Ван Дајк играше на шест натпревари на сите натпреварувања, постигна еден гол и оствари една асистенција.

На протестите „1 од 5 милиони“ влезот на РТС обоен во „Пинк“ боја


На редовните саботни протести во Белград на „1 од 5 милиoни“, кои влeгуваат во деветиот месец, граѓаните го обоија влезот на зградата на РТС во розова „Пинк“ боја, порачувајќи со тоа дека српскиот Јавен сервис почнал да „потсетува на една друга телевизија, блиска до владејачкиот режим.“ Како што јави дописникот на МИА од Белград, граѓаните […]

Харадинај кандидат за премиер од коалицијата АБК и СДП


Предизборната коалиција на Алијансата за иднината на Косово (АБК) и Социјалдемократската партија (СДП) го номинираше Рамуш Харадинај за заеднички кандидат на претстојните парламентарни избори во Косово. Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Харадинај, истакна дека на списокот на кандидати за пратеници во седмиот состав на косовското собрание се наоѓаат луѓе кои ќе ја зајакнат […]

Хакиран банкомат во Хрватска исфрлаше пари на улица


Хрватските полицајци во текот на ноќта собраа речиси 10.000 евра од улица, по грабежот на банкомат во близина на канцеларијата на Хрватската пошта во Сплит, пренесува Слободанка Далмација. Весникот објави дека веднаш по полноќ, крадец стигнал до банкомат и отстранил дел од предната плоча над екранот, поврзан со внатрешните инсталации и му дал упатства на […]

Дачиќ: Ќе поднесам оставка ако Косово влезе во Интерпол


На седницата на Интерпол во октомври, Косово сигурно нема да биде примено во таа меѓународна организација, тврди српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, додавајќи дека ако сепак тоа се случи, тој ќе поднесе оставка. Со потсетување дека веќе 15 земји го повлекле признавањето на косовската независност, Дачиќ тврди дека наскоро ќе има нови повлекувања […]

По повод Денот на независноста цвеќе на гробовите на претседателите Глигоров и Трајковски


 Република Северна Македонија, со пригодни свечености, денеска го одбележува големиот државен празник, 8 септември – Ден на независноста. Активностите од програмата за чествување на празникот започнаа со оддавањето достојна почит и положување цвеќе на вечните почивалишта на порнашените претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски, на Градските гробишта Бутел во Скопје. Владината делегација на […]

Судар на две возила кај Радуша, тројца во болница


Вчера во 16 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат село Радуша – село Долно Свиларе,скопско се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило,,ауди А4’’ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(40) и патничко моторно возило,,фолксваген голф’’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ш.(38) и двајцата од село Радуша, скопско. А.С., Ј.Ш. […]

Принцот Абдулазиз нов министер за финансии на Саудиска Арабија


Кралот на Саудиска Арабија Салман го разреши министерот за финансии и на негово место го постави својот син, принцот Абдулазиз бин Салман. Новиот министер за финансии е постариот полубрат на 34-годишниот престолонаследник Мохамед бин Салман и има искуство во саудиската нафтена индустрија, служејќи како министер за енергија од 2017 година. Принцот Абдулазиз ќе го замени […]

Заев: Денот на независноста ни покажа дека слободата и самостојноста ги имаат најубавите бои


Денот на независноста ни покажа дека слободата и самостојноста ги имаат најубавите бои, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев. -На 8 септември 1991 година, Денот на независноста ни покажа дека слободата и самостојноста ги имаат најубавите бои. Дека радоста, среќата и убавината што ја преплавија тогаш нашата татковина треба да ги паметиме и […]

(Во живо) Одбележување на Денот на независноста


Проследете го вo живо одбележувањето на Денот на независноста. https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/478467149660267/?notif_id=1567936719876347&notif_t=live_video_explicit https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/601517036919797/?notif_id=1567935341921687&notif_t=live_video

Скопските булевари добија нов асфалт


  Деновиве интензивно се завршуваат градежните работи на повеќе булевари во главниот град, по летната инвазија за реконструкција на коловозите. Меѓу последните завршени беше улицата „Индира Ганди“ која е обновена по должина од 1.100 метри, на потегот од крстосницата со улицата „Босна и Херцеговина“ и булеварот „Словенија“ до улицата „Бутелски венец“. Во текот на изминатиов […]

Вонредна состојба во Гватемала поради убиство на војници


Владата на Гватемала прогласи вонредна состојба во 22 општини во североисточниот дел на земјата, откако дилери на дрога од заседа убиле тројца војници на границата со Белизе. Конгрес ја одобри мерката, со која на полицијата и се овозможи притворање на осомничените, без налог за апсење. Со вонредната состојба воведен е и полициски час во текот […]

Најмалку три жртви на тајфунот во Јужна Кореја


Најмалку три лица загинаа во еден од најмоќните тајфуни што досега ја погодиле јужна Кореја, соопштија властите на таа земја. Тајфун Линглинг остави без струја повеќе од 161.000 домови низ цела Јужна Кореја, вклучувајќи го и јужниот остров Јеју, кој беше погоден од невремето во текот на ноќта, соопшти Министерството за внатрешни работи и безбедност. […]

Бисери


ЛЕЈЛА САБИТ Во светот се најчесто околу вратот на жената. Симбол на елеганција, стил, потекло, статус, традиција, наследени, подарени, со ќеф купени. Природни, култивирани, морски, речни, јапонски, охридски, скапоцени, рариретни, бели, црни… Кај нас најчесто излегуваат од устата. Симбол на незнаење, на сеир, простаклак, лажна моќ, секој час, секој ден, официјално, неофицијално, на социјалните мрежи, […]

Златен лав за „Џокер“, сребрен за Полански


Мрачната драма „Џокер“ за потеклото на тој злобен лик освои Златен лав на филмскиот фестивал во Венеција, додека воената драма на Роман Полански „Офицер и шпион“ доби Сребрен лав. Режисерот на победничкиот филм Тод Филипс им се заблагодари на продуцентите што имале сила да излезат од зоната на комфорот, но исто така и на актерот […]

„Стоп“ за ноќните мототрки


По зачестените сообраќајни несреќи со мотоцикли во Скопје, полицијата реализираше акција, сакајќи да ги пресретне брзите и диви возачи што сеат страв по улиците. Во петчасовната акција спроведена во ноќта меѓу четвртокот и петокот, откриени се 40 возачи на мотори што го прекршиле законот, против кои се поднесени исто толку платни налози. Покрај тоа, поради […]

Близу 200 казни за возачи на мотори и автомобили во Скопје, пронајдена и дрога


Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во периодот од 06:00 до 24:00 часот санкционира 24 возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. При контролата, како што информираат од МВР, откриени се и 77 останати прекршоци за кои се издадени 58 мандатни платни […]