Судар на две возила кај Радуша, тројца во болница


Вчера во 16 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат село Радуша – село Долно Свиларе,скопско се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило,,ауди А4’’ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(40) и патничко моторно возило,,фолксваген голф’’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Ш.(38) и двајцата од село Радуша, скопско.

А.С., Ј.Ш. и неговиот сопатник- малолетник од с.Радуша се здобиле со повреди и им била укажана помош во комплексот клиники „Мајка Тереза’’.

На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје.