Ван Дајк се согласи на шестгодишен договор со Ливерпул


Одбранбениот фудбалер Вирџил ван Дајк ќе потпише нов договор со Ливерпул. Според „Мирор“ премиерлигашот се договориле со 28-годишниот Холанѓанец за шестгодишен договор со зголемување на платата.

Актуелниот договор на Холанѓанецот со „црвените“ важи до 2023 година.

Оваа сезона, Ван Дајк играше на шест натпревари на сите натпреварувања, постигна еден гол и оствари една асистенција.