Леклер најбрз во Монца, втора победа во низа за Ферари

Пилотот на Ферари, Шарл Леклер е победник на трката во Формула 1 возена попладнево на Монца за Големата награда на Италија. Тој успеа да ја искористи пол-позицијата и триумфира втор пат по ред пред големите конкуренти.

На второто место се најде Валтери Ботас од Мерцедес, додека трет беше неговиот клупски колега Луис Хамилтон.

Леклер на Ферари му ја донесе првата победа во Монца по девет години.

Во Генералниот пласман лидер е Хамилтон со 284 бода, Ботас има 221, Себастијан Фетел 185, Леклер е четврти со 182.

Следната трка во Ф1 ќе се вози на 22 септември во Сингапур.