(Видео) „Мерцедес“ направи гробишта од нови автомобили – пропаднаа милијарда евра


Германската јавност е заинтригирана од фотографија на која се гледаат 9.000 нови возила на „Мерцедес“ паркирани на 2,5 киломтери долга авионска писта на воениот аеродром во Ахлхорн.

Како што јави радио Бремен, се работи за 9.000 автомобили со вкупна вредност од речиси милијарда евра кои „Мерцедес“ бил присилен да ги остави на оваа локација.

Причините се уште не се јасни, но новинарите на ради Бремен открија дека се работи за автомобили произведени во американската фабрика во Тускалоса во Алабама, кои не ги задоволиле стандардите на „Мерцедес“.

Шлепери со месеци довезуваат нови автомоили на пистата, а површината која ја заземаат е добро заштитена и покриена со видео-надзор и секаде има соларни панели.

Истражувањето кое го спроведоа новинарите од радио бремен открива дека проблемите со контрола на квалитетот од фабриката во Алабама го принудиле „Дајмлер“ на високи трошоци за транспорт и останата логистика за 9.000 возила произведени таму да се донесат во Европа на доработка.

Според извештајот кој во јавност го пушти Аутомобилвохе, дури 40.000 нови автомобили на „Мерцедес“ не можат да бидат испорачани поради проблеми со седиштата и браниците.

На овие гробишта на автомобили најмногу има SUV модели GLE и GLS, купе возила C и E класа, а може да се видат и примероци со ознака CLS. Особено интересно е што има возила од класи кои повеќе не се произведуваат како ML и R.

Некои медиуми контактирале со „Мерцедес“ за образложение, а тие велат дека се работи за нормална процедура во производството, и дека такви логистички зони се сосема нормална работа за привремено магационирање.