Трет пораз на одбојкарите на Европското првенство


Одбојкарската репрезентација на Северна Македонија го доживеа и третиот на Европско првенство (ЕП), откако попладнево во Љубљана нашата селекција загуби од Русија со 0-3 (15-25, 16-25, 28-30). Актуелниот европски првак беше пресилен за нашата селекција, која пружи вистински отпор само во третиот сет, кој истиот можеа и да го добијат, но по голема борба ,фаворитот […]

Ѓорѓевиќ ја напушта репрезентацијата на Србија


Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Александар Ѓорѓевиќ, денеска објави дека ја напушта клупата на националниот тим. „Да, така е, јас си заминувам“, соопшти Ѓорѓевиќ на прашање на новинарите по натпреварот против Чешка. Репрезентацијата на Србија денеска ја совлада Чешка во Пекинг со 90-81 и заврши на петтото место на Светското во Кина, а тој […]

Шест жртви на дождовите во Шпанија


Рекордните врнежи од дожд однесоа уште два животи во југоисточна Шпанија а бројот на жртви од големите поллави се искачи на шест, соопштија властите во саботата. Тимовите за итни случаи успеаја да спасат илјадници луѓе за време на невремето што оваа недела ги зафати медитеранските крајбрежни региони Валенсија, Мурсија и источна Андалузија. Локалните власти соопштија […]

Протести против климатските промени на саемот на автомобили во Франкфурт


Илјадници луѓе излегоа денес на протест, додека се одржува Саемот на автомобили во Франкфурт, барајќи поголема акција против климатските промени. Oрганизаторите на протестот бараат да престане употребата на мотори со внатрешно согорување, климатски неутрален сообраќај до 2035 година, ограничување на брзината на автопат и силен германски пакет на политики кон климатските промениа, објави АП. Еколошките […]

Високите цели на новата ѕвезда на израелската десница


Ерусалим – Во саботата навечер, откако зајдисонцето го означи крајот на еврејскиот Сабат, политичката ѕвезда во подем Ајелет Шакед се ракуваше, позираше за селфи додека ги обиколуваше баровите во Ерусалим. Лидерката на новопечената алијанса Јамина (Десно) не ги прикрива своите намери: таа сака еден ден да го наследи својот поранешен шеф Бенјамин Нетанјаху како премиер […]

Уапсени осумнаесет лица на демонстрациите на жолтите елеци


Главниот собир на „жолтите елеци“ почна во Нант под силен полициски надзор, заради случајот на Стив Маја Каничо, кој во ноќта на 21 јуни скокна во Лоара при интервенцијата на полицијата и се удави. Националната полиција на својот профил на Твитер соопшти дека уапсила осумнаесет лица при проверки извршени пред почетокот на поворката. Полицијата запленила и „минофрлачи“ и стотина чадори. Претходно, дваесет и два […]

Трамп ја потврди смртта на Хамза, омилениот син на Осама бин Ладен


Американскиот претседател Доналд Трамп ја потврди смртта на Хамза бин Ладен, омилениот син на Осама бин Ладен, кој претходно беше претставен како негов наследник на чело на Ал Каеда. „Хамза бин Ладен, висок претставник на Ал Каеда и син на Осама бин Ладен, беше убиен во антитерористичка операција на САД во Авганистан и Пакистан“, се […]

На гробиштата во Бутел – Бисти на херои украдени и продадени како старо железо


На гробот уредно напишано име и презиме на починатиот, година на раѓање и на смрт, некаде и чинот што го имал за време на Втората светска војна и задолжителната петокрака што сугерира дека станува збор за борец од НОБ. Потоа исправен постамент. И толку. Бистата на починатиот јунак ја нема. Украдена е, продадена, стопена како […]

Голем шумски пожар над селото Колибари, Кичевско


Во атарот на село Колибари, Кичевско беснее голем шумски пожар. Месната заедница апелираше до селаните, особено младите, да се приклучат во гаснењето на пожарот. „Противпожарната единица од Кичево веќе е на терен и заедно со месното население се бори огнот да биде ставен под контрола.Тешкотија преставува непристапниот терен, а таму веќе се и преставниците на […]

Два милиони француски работници живеат под прагот на сиромаштијата


Бројот на сиромашни кои работат се искачи за 181.000 меѓу 2016 и 2017 година, според најновите бројки на францускиот Институт за економски и статистички студии (ИНСЕЕ). Вкупно имало 2,1 милион вработени сиромашни во однос на 1,9 милиони една година порано. Според пишувањето на економскиот дневен весник Ла Трибун, Французите сѐ уште ги чувствуваат ефектите од […]

Собранието ја разреши Катица Јанева


Собранието ја разреши специјалната јавна oбвинителка Катица Јанева со 102 гласа „за“ без воздржани и против. За оваа одлука гласаа „за“ и 27 припадници од заедниците кои не се мнозинство. Јанева е во притвор како третоосомничена за  случајот „Рекет“ На пленарната седница не се расправаше за извештајот на Советот на ЈО, туку само за предлогот […]

Албанија забрани влез на пилешко месо и кафе од Бразил


Албанската национална агенција за храна (АКУ) во пристанишниот град Драч забрани влез на повеќе 27 тони пилешко месо и 19,2 тони кафе увезени од Бразил. -По извршената анализа беше констатирано присуство на високи концентрации на салмонела кај пилешките филети, кои беа во вкупна колична од над 27 тони, а беа наменети за албанскиот пазар. Забраната […]

Над 1.200 млади ќе можат да се обучат за ИТ вештини


Вкупно 1.253 невработени млади лица до 34 години, преку обуки кои ќе ги спроведат обучувачи, ќе имаат можност за доквалификација и квалификација за ИТ вештини со што ќе се стекнат со официјален акредитиран сертификат. Оваа мерка денеска на прес-конференција ја најавија министерите за труд и социјална политика и информатичко општество Мила Царовска и Дамјан Манчевски. […]

Почна седницата за разрешување на специјалната јавна обвинителка Јанева


Собранието ја започна 112. седница со единствена точка на дневен ред разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е во притвор и осомничена за случајот „Рекет“. На седницата присуствуваат пратеници и од владеачкото мнозинство и од опозицијата. На 5 септември, Комисијата за избори и именувања зад затворена врата едногласно и без дебата донесе заклучок […]

Монструозни игри


Фросина Факова-Серафиновиќ Додека вмровците со сите сили се обидуваат да се спасат од обвиненијата, а власта глуми дека нема да дозволи случаите да пропаднат, никој не ги спомнува родителите и семејствата на убиените момчиња и рибарот кај Смилковското езеро. Ним сигурно, по којзнае кој пат, им се распарчуваат срцата и нервите гледајќи со каква леснотија […]

Жан Мари ле Пен обвинет за проневера на јавни средства


Поранешниот претседател на Националниот Фронт (НФ), Жан Мари Ле Пен е обвинет за „проневера на јавни средства“ и „соучесништво“ во случајот на наводно фиктивни работни места на екстремно десничарската партија во Европскиот парламент, пренесува дописникот на МИА. Како што објавија неговите адвокати, ко-основачот на партијата (НФ), преименуван во Национален Собор (РН), беше сослушуван повеќе од […]

Медведев следниот месец во Белград на заедничка прослава на победата над фашизмот


„Врз основа на стратешкото партнерство и нераскинливо пријателство односите меѓу Србија и Русија достигнуваат нови дострели“, оценија денеска српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот премиер Дмитриј Медведев во телефонски разговор. Како што соопштија од Кабинетот на српскиот претседател, Вучиќ го поканил Медведев „да ја посети Србија, што рускиот премиер со радост ја прифатил.“ -Особена чест […]

Изложени артефакти и фотографии пронајдени во Боров Дол


Штип – Во уметничката галерија „Безистен“ во Штип е отворена изложба на артефакти и фотографии од осумгодишните археолошки истражувања (2011 -2018) на локалитетот Боров Дол кој зафаќа територии на општините Конче, Штип и Радовиш. Истовремено, во организација на Заводот за заштита на спомениците на култура и музеј Штип започна четиридневниот меѓународен симпозиум под наслов „Рударството […]

Пожар на Кефалониа, превентивно евакуирани жители и туристи


Голем пожар избувна утрово во месноста Лурдата на јужниот дел од грчкиот остров Кефалониа, а според локалните медиуми, превентивно биле евакуирани туристи и жители, jави дописничката на МИА од Атина. Во справувањето со огнените јазици интервенираат 42 пожарникари со 12 возила и еден хеликоптер, а помагаат волонтери и цистерни на општината. Според медиумите од островот, […]

Премиера на „Чудесна терапија“ во Драмски театар


Драмски театар – Скопје вечерва од 20 часот на малата сцена премиерно ќе ја изведе камерната претстава „Чудесна терапија“, по текст на австрискиот автор Даниел Глатауер и во режија на Димче Николовски. Осумдесетминутната претстава со тројца актери (Соња Стамболџиоска во ликот на психотерапевт и Маја Вељковиќ-Пановска и Предраг Павловски – во улога на брачна двојка) […]