Откако Трамп кажа дека „преговорите се мртви“ талибанците заминаа на средби во Русија


Преговарачка екипа на авганистанските талибанци допатува во Русија, само неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека преговорите со нив се „мртви“, пренесуваат американските медиуми. Портпаролот на талибанците, Сухаил Шахин, изјави дека делегацијата веќе одржала консултации со Замир Кабулов, пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за Авганистан. Руските медиуми пренесуваат изјава на неименуван портпарол […]

Ученици – информатичари освоија три медали на Балканската олимпијада во Атина


Ученици – информатичари од земјава освоија три медали од кои една сребрена и две бронзени на Балканската олимпијада по информатика што од понеделникот до денес се одржуваше во Атина. Сребрениот медал го освои Мартин Динев од валандовското село Пирава, а двата бронзени медали им припаднаа на Андреј Величковски од Куманово и Благојче Павлески од Прилеп. […]

Демонстрантите во Хонг Конг излегоа на протестна човечка верига


Продемократските демонстранти во Хонг Конг планираат денеска да ги заземат шопинг центрите. Изминатата ноќ, во текот на протестите, тие формираа човечки вериги, носејќи светилки, јавија западните агенции. Демонстрантите планираат да се соберат пред конзулатот на Велика Британија, за да бараат Кина да ја почитува Женесвката декларација што ја потпишала во 1984 година со Лондон за […]

Викенд-хороскоп: Што велат ѕвездите?


ОВЕН: За да постигнете јасно размислување и конкретна форма во материјалната реалност, ќе треба да дејствувате систематично: колку и да не ви се верува, работите се многу едноставни. Работете истрајно и имајте трпение: чудата не се случуваат преку ноќ, туку сакаат конкретна работа. Со убави и топли чувства ќе успеете да се поврзете со влијателни […]

Сноуден: Најмоќната влада во светот само сакаше да си заминам


Едвард Сноуден, поранешниот американски разузнавач и свиркач, изјави дека дури и неговите поранешни критичари признале дека благодарение на неговите откритија денеска се живее „во подбар, послободен и побезбеден свет“. Во екслузивно двочасовно интервју дадено во Москва по повод годишнината од објавувањето на своите мемоари, Сноуден за лондонски „Гардијан“ зборуваше за својот нов живот и плановите […]

Јовески ќе ги спасува случаите на СЈО


Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, вчера наутро со неколкумина јавни обвинители дојде во зградата на Специјалното јавно обвинителство и со обвинители од СЈО го договари предавањето на предметите од речиси „згаснатото“ СЈО во републичкото јавно обвинителство. За разлика од пред неколку години кога, тогаш опозициската СДСМ, ги предаваше прислушуваните материјали во картонски кутии, вчера немаше […]

Почнува 40. издание на „Браќа Манаки“


Јубилејното издание на фестивалот „Браќа Манаки“ свечено ќе биде отворено вечерва во Центарот за култура. Фестивалот за отворен ќе го прогласи претседателот на државата, Стево Пендаровски, а дел од свеченоста ќе биде и доделувањето на „Златната камера 300“ за животно дело на големиот светски и американски директор на фотографија Едвар Лакман. На годинашниот добитник, композиторот […]

„Дубиоза колектив“ одржа политичка лекција


Годинешниот „Пивофест“ во Скопје нуди богата музичка програма од домашни и странски изведувачи и многу вкусови на пиво. Стадионот на АРМ овие четири дена, додека трае фестивалот, е вистинско место за љубителите на добрата музика и пивопијците. Првата вечер започна со музиката на „Палиндром“, а потоа продолжи со миленикот на ангдерграунд сцената, Горан Трајковски. Меѓу […]

Ердоган: Кризата со САД може да се надмине заради моите односи со Трамп


Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека неговата лична поврзаност со американскиот колега Доналд Трамп  може да помогне во надминувањето на кризата во односите меѓу двете земји, предизвикана од одлуката на Анкара да ги купи руските одбранбени системи „С-400“. Ердоган кажа и дека со Трамп ќе разговара за можностите Турција да ги купи од САД […]

Ружи и коктел: Францускиот „Идол“ пристигна во Скопје


Со поглед на Скопје ноќе, со опоен мирис од ружите како декорација, со музика од 80-тите и со гости од модниот свет, го пречекавме францускиот „Идол“ во Скопје. Во вила „Веранда“ беше промовиран новиот парфем на „Ланком“- Idôle, новитет по седум години, и во најтенкото модернистичко стаклено шише на пазарот. Кампањата го носи мотото “I […]

И без закон за ЈО, ќе има завршница за предметите на СЈО


Јавното обвинителство на Република Северна Македонија вчера ги презеде предметите од СЈО. Со тоа, веќе е извесно дека нивното процесирање во судовите ќе продолжи и ќе имаат завршница. Носењето на законот за ЈО, според министерката за правда Рената Дескоска, веќе не е нужно заради продолжување на предметите на СЈО и нивниот трансфер во ЈО, но […]

Собранието денеска ќе расправа за разрешувањето на Јанева


Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска во 13 часот ја закажа собраниската седница на која единствена точка е разрешувањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена за случајот „Рекет“. На 5 септември, Комисијата за избори и именувања зад затворена врата едногласно и без дебата донесе заклучок да му предложи на Собранието да […]

МОТ викендов на две нови локации: Изведба на „Три сестри“ од Васил Христов и два перформанси


Младинскиот отворен театар (МОТ) викендов продолжува со реализација на програмата од 44. издание на фестивалот. Во текот на денешниот ден со почеток во 11 часот, во Младинскиот културен центар ќе се изведува претставата „Сè уште без наслов“, во изведба на Словенско младинско гледалишче, а во режија на Томи Јанежиќ. Претставата е според мотиви од книжевното […]

Децата уште во прво одделение ќе ја учат химната


Лажните вести како глобален феномен во последните неколку месеци се нагласено присутни и во нашиот медиумски етер, а најмногу ги има на интернет-порталите, од каде што потоа со голема брзина се шират по социјалните мрежи. Но она што во последно време е сè позабележително е дека политичарите веќе не се кријат зад одредени ботови и […]

Бр. 508


Фросина Факова-Серафиновиќ – Пазар со правдата Уште неизбрани, неколку еврокомесари под истраги Приватни агенции ќе ги чуваат лекарите од силеџии Денеска се разрешува Катица Јанева Трошат повеќе отколку што имаат “Болка и слава” од Педро Алмодовар на Манаки

Мицкоски: Јанева ме уценуваше да гласам за СЈО


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за неделникот „Фокус“ тврди дека има сведочења од пратеници дека Катица Јанева наводно ги „обработувала“ да гласаат за уставните измени. – Имам сведочења од пратеници кои практично биле предмет на обработка на Катица Јанева во процесот на уставните измени. Подготвени се да го потврдат тоа секаде. Јас лично […]

Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра, минималната плата мора да расте


Ние како држава мораме да покажеме дека сакаме да ги заштитиме и семејствата во пониска класа што земаат помали плати, рече вицепремиерот Кочо Анѓушев во „Топ тема“ на телевизија „Телма“. -Во секоја земја е дефинирана минималната плата. Минатата недела имавме средби со стопанските комори. Засега сеуште немаме дефинирано вредност. Следниот период ќе имаме интензивни средби […]

Ветеранот Скола: Дојдов тука да играм и го правам токму тоа


Големиот марш на Аргентина до финалето на Светското првенство во кошарка го предводи легендата на тимот Луис Скола. 39-годишниот Аргентинец забележа 28 поени и 13 скока во победата на „гаучосите“ над Франција во полуфиналето на Мундијалот. Скола по мечот изјави дека сè уште ужива да игра и дошол во Кина да го стори токму тоа. […]

СДСМ ќе го поддржи разрешувањето на Јанева, но не за незаконско, туку за нестручно и несовесно работење


Пратениците на СДСМ на утрешната собраниска седница ќе го поддржат разрешувањето на Катица Јанева, но, не за незаконско, туку за нестручно и несовесно работење, рече премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју за ТВ „Сител“. -Толку е нелогично тоа дека во „Рекет“ некој бил вмешан од блиските луѓе на Заев и затоа не се разрешува Катица […]

Zaev: E ardhmja e lëndëve është linja e kuqe që nuk guxon të kalohet


Kryeministri Zoran Zaev sonte në një intervistë për televizionin “Sitell” edhe një herë e përsëriti se lëndët e PSP-së duhet të kenë të ardhme dhe ajo, siç tha është linja e kuqe që nuk guxon të kalohet në negociatat me opozitën. Për pushtetin, potencoi Zaev është i pranueshëm propozimi prokurorinë e re ta udhëheqë një […]