Викенд-хороскоп: Што велат ѕвездите?

ОВЕН:
За да постигнете јасно размислување и конкретна форма во материјалната реалност, ќе треба да дејствувате систематично: колку и да не ви се верува, работите се многу едноставни. Работете истрајно и имајте трпение: чудата не се случуваат преку ноќ, туку сакаат конкретна работа. Со убави и топли чувства ќе успеете да се поврзете со влијателни луѓе.

БИК:
Животот ќе стане интересен толку колку што вие ќе му дозволите: дури и неживите предмети може да добијат важност, ако се занимавате со нив со голема љубов. Љубов, сите стремат кон неа, а не знаат да бидат нежни: бидете благодарни и не борете се со ветерници. Водете грижа за себе и оставете ги негативците во минатото. Одморете се.

БЛИЗНАЦИ:
Ова е период кога се можни провокации и несакани ситуации: будни и љубопитни, запрашајте се колку навистина разбирате што се случува? Како по некое правило би требало да паднете со духот, да се нервирате и да губите сила, но вие направете го токму спротивното: останете весели, рамнодушни и полни со ентузијазам. Така ќе победите. Успех!

РАК:
Не дозволувајте му на разумот да му противречи на срцето, туку најдете начин да ги материјализирате своите намери: имајте трпение и полека минете низ саканата порта. Наместо најмрачните очекувања, ќе се остварат најубавите мечти. Останете фокусирани на целта и подгответе се за радикални промени. Пазете се од лажни пријатели и недоразбирања.

ЛАВ:
Можеби за момент се чувствувате како замрзнати на едно место, но набргу љубовта ќе тропне на вашата врата и повторно ќе се загреете. Ова ќе ви ја врати силата и понатаму работите се во вашите раце: направете еден искрен чекор и бидете спонтани. Може да постигнете сѐ што сакате и да ги остварите своите идеали. Обрнете внимание на здравјето.

ДЕВИЦА:
Понекогаш се случува да сакаме нешто повеќе од она што можеме да го имаме: за да ја избегнете оваа стапица, ќе треба да верувате дека вишите сили се грижат за вас и да ја зголемите својата свесност. Имајте самодоверба и гледајте ги другите директно во очи: повторно ќе заблескате и ќе покажете колку вредите. Бидете благодарни и смирени.

ВАГА:
Во светот сѐ се стреми кон хармонија: кога му давате на нешто преголемо значење, како по правило ќе постигнете поинаков резултат. Ако сте незадоволни со себе, ќе бидете незадоволни и со најголемата среќа на светот, а тоа треба да ви каже нешто: постои некаков конфликт во вашата душа, кој бара да воспоставите баланс. Бидете едноставни.

СКОРПИЈА:
Повторно се соочувате со истата ситуација: ги анализирате недостатоците, кризите и комплексните резултати, не земајќи ги предвид сигналите што ви ги праќа душата. Неколку облаци се собираат на вашиот хоризонт и можна е бура: најважно е да не им верувате на неискрените луѓе и да бидете смели да донесете сопствени решенија. Нова програма.

СТРЕЛЕЦ:
Ова е период кога ќе биде важно да се запрашате дали постапувате онака како што сакате или само ги рефлектирате желбите и потребите на другите: ако во главата ви се вртат мисли што не ви се допаѓаат, токму тоа и ќе го привлечете во животот. Загребете ја површината и ќе откриете дипломатска лекција, со неконвенционална солуција.

ЈАРЕЦ:
Најдобриот лек против депресијата е креативната активност, со која нема долго да чекате на резултатите: не губете ја желбата за живот, туку ослободете се од емотивниот багаж. Со своите акции и размислувања, човекот го создава својот свет и потоа живее во него, како да добил главна улога во некој филм. Најдете време за одмор.

ВОДОЛИЈА:
Ова е период кога ќе треба да се покажете во најдобро светло, како да потекнувате од некоја благородна средина и имате нешто важно да соопштите: колку луѓе, толку размислувања и ќе треба да им се обратите на сите еднакво. Верувајќи си себеси ќе им ја вратите самодовербата и на другите, како и волјата за живот и убавината.

РИБИ:
Конечно откривате дека им обрнувате поголемо внимание на туѓите потреби отколку на своите: ставете ги повторно розовите очила на носот и погледнете го светот низ нова перспектива. Ако луѓето ве бараат, тоа значи дека имате многу таленти и вредност, но нив може да ги искористите во остварувањето на своите проекти. Решавање на легални проблеми.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

tancevai@yahoo.com