Демонстрантите во Хонг Конг излегоа на протестна човечка верига


Продемократските демонстранти во Хонг Конг планираат денеска да ги заземат шопинг центрите. Изминатата ноќ, во текот на протестите, тие формираа човечки вериги, носејќи светилки, јавија западните агенции.

Демонстрантите планираат да се соберат пред конзулатот на Велика Британија, за да бараат Кина да ја почитува Женесвката декларација што ја потпишала во 1984 година со Лондон за иднинатата на поранешната британска колонија, која под кинеска управа беше вратена во 1997 година.

Стотици демонстранти вчера мирно прошетаа низ улиците на градот, пеејќи песни по повод есенскиот фестивал, што е во спротивност со претходните викенди кога полицијата користеше солзавец, гумени куршуми и водени топови.

Демонстрантите, исто така, синоќа се собираа и во шопинг центрите каде повремено се туркаа и удираа со приврзаниците на Кина, пренесуваат британските медиуми.

Протестите во Хонг Конг почнаа во јуни заради заради законот за екстрадиција што сега е повлечен, но прераснаа во борба за поголем степен на демократија, а многу млади демонстранти изразуваат незадоволство и заради високите трошоци за живот и недостигот на работни места, наведуваат британските медиуми.