Ружи и коктел: Францускиот „Идол“ пристигна во Скопје


Со поглед на Скопје ноќе, со опоен мирис од ружите како декорација, со музика од 80-тите и со гости од модниот свет, го пречекавме францускиот „Идол“ во Скопје.

Во вила „Веранда“ беше промовиран новиот парфем на „Ланком“- Idôle, новитет по седум години, и во најтенкото модернистичко стаклено шише на пазарот. Кампањата го носи мотото “I can, we will”.

Idôle раскажува поинаква мирисна приказна од сите досегашни парфеми на Ланком кој секогаш ги има најпродаваните парфеми во светот. Кога ќе го мириснете, ќе се вљубите веднаш во мосушниот и цветен мирис.

Есенцијата на латиците од ружата од органско производство во турската областа Испарта е ексклузивно произведена за „Ланком“. Покрај ружите од градините во Франција, совршено се спојува и со нотите на бергамот, крушка и шпански јасмин од Индија и донесува здив на чистота и сјај со која секоја жена може да започне своја приказна или да има свој нов мирисен идол.

Глобално заштитно лице на парфемот е пејачката, актерка и модна икона Зендаја која симболизира храбра жена која може на коњ да изгалопира низ Менхетен и потоа од ридовите победнички да го крене парфемот Idôle како трофеј за да се спои со боговите од небото, како што е во спотот за парфемот. (Л.С. )