Протести против климатските промени на саемот на автомобили во Франкфурт

Илјадници луѓе излегоа денес на протест, додека се одржува Саемот на автомобили во Франкфурт, барајќи поголема акција против климатските промени.

Oрганизаторите на протестот бараат да престане употребата на мотори со внатрешно согорување, климатски неутрален сообраќај до 2035 година, ограничување на брзината на автопат и силен германски пакет на политики кон климатските промениа, објави АП.

Еколошките групи велат дека трендот кон поголеми и помоќни автомобили, посебно СУВ моделите, е во спротивност со зголемувањето на ефикасноста на горивото во последните децении.

Во четвртокот, кога официјално беше отворен Саемот за автомобили во Франкфурт, активисти на Гринпис покажаа големи транспаренти оценувајќи ги некои модели како „климатски убијци“.