Медведев следниот месец во Белград на заедничка прослава на победата над фашизмот

„Врз основа на стратешкото партнерство и нераскинливо пријателство односите меѓу Србија и Русија достигнуваат нови дострели“, оценија денеска српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот премиер Дмитриј Медведев во телефонски разговор.

Како што соопштија од Кабинетот на српскиот претседател, Вучиќ го поканил Медведев „да ја посети Србија, што рускиот премиер со радост ја прифатил.“

-Особена чест ни е да не посетите на денот кога ја одбележуваме 75-годишницата од ослободувањето на Белград, заедно да го прославиме денот кога нашите народи го поразија заедничкиот непријател, кажал Вучиќ.

Вучиќ во разговорот и се заблогадарил на Русија „за се што Москва има напревено во корист на националните интереси околу Косово.“

Околу рускиот став за Косово денеска се огласи и рускиот амбасадор во Белград, Александар Боцан Харченко, кој во интервју за „Политика“ изјави дека „Русија не се залага за поделба на Косово, ниту за било каква варијанта на решение на ова прашање, но и дека не ја разбира изјавата, поделбата на Косово дека ќе создаде преседан во Европа.“

-Поранешна Југославија беше расчленета на сите можни начини, а после се испаѓа дека преседан не беше ни распарчувањето на СФРЈ, ниту СРЈ, ни на сама Србија, а поделбата на Косово би било преседан, оцени рускиот амбасадор, констатирајќи дека таквите изјави звучат многу чудно.