Уапсени осумнаесет лица на демонстрациите на жолтите елеци

Главниот собир на „жолтите елеци“ почна во Нант под силен полициски надзор, заради случајот на Стив Маја Каничо, кој во ноќта на 21 јуни скокна во Лоара при интервенцијата на полицијата и се удави.

Националната полиција на својот профил на Твитер соопшти дека уапсила осумнаесет лица при проверки извршени пред почетокот на поворката. Полицијата запленила и „минофрлачи“ и стотина чадори. Претходно, дваесет и два молотови коктели беа откриени во контејнер за ѓубре.

Демонстрацијата на „жолтите елеци“ полицијата ја третира како „насилна“ и врши превентивни проверки. Голем периметар на центарот на Нант беше забранет за движење и за транспортот на гориво и на пиротехнички материјали.

При последниот собир на 3 август,  неколку дена по откривањето на телото на Стив Маја Каничо во Лоара, откако го осудија однесувањето на полицијата, најмалку 1.700 демонстранти маршираа, а полицијата тогаш соопшти дека имало 42 апсења.

Демонстрации се најавени и во други градови.