Собранието ја разреши Катица Јанева

Фото: Б. Грданоски
Собранието ја разреши специјалната јавна oбвинителка Катица Јанева со 102 гласа „за“ без воздржани и против. За оваа одлука гласаа „за“ и 27 припадници од заедниците кои не се мнозинство.

Јанева е во притвор како третоосомничена за  случајот „Рекет“

На пленарната седница не се расправаше за извештајот на Советот на ЈО, туку само за предлогот за разрешување на Комисијата за прашања на избори и именувања.

Собранието, одлуката за разрешување треба да ја достави до Советот за јавни обвинители.