Голем шумски пожар над селото Колибари, Кичевско


Во атарот на село Колибари, Кичевско беснее голем шумски пожар. Месната заедница апелираше до селаните, особено младите, да се приклучат во гаснењето на пожарот.

„Противпожарната единица од Кичево веќе е на терен и заедно со месното население се бори огнот да биде ставен под контрола.Тешкотија преставува непристапниот терен, а таму веќе се и преставниците на шумското претприатие ‘Лопушник’, преставници на Дирекцијата за заштита и спасување и претставници на локалната самоуправа. Во прв план ни е да ги заштитиме куќите и да се стави пожарот под контрола“, информира Дарко Гргоски од ППТЕ- Кичево.

Се очекува наскоро да интервенираат и авионите за гаснење на пожарот.