Во САД температурите достигнаа 47 степени


Метеоролозите предупредуваат дека американскиот југ и средниот запад ќе ги погоди топлотен бран, такашто во некои делови на САД се очекуваат температури до 47 степени Целзиусови. Метеоролошката служба на САД предупреди дека најголеми жештини се очекуваат во 13 сојузни држави. Временските услови денеска се најтешки во Луизијана, Арканзас, Мисисипи и Оклахома, пренесе АП. „Се чувствувате […]

Пендаровски – Брун-Хансен: Со идното членство во НАТО се засилуваат можностите за соработка со Норвешка


  Со идното членство на земјава во НАТО се отвораат нови можности за проширување на партнерството меѓу армиите на Норвешка и Северна Македонија, заклучија претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, и началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Кралството Норвешка адмирал Хакон Брун-Хансен на денешната средба во Скопје. На средбата, информирааат од Кабинетот на […]

Во ОЈО уште трае распитот на Стефанова


Повеќе од три часа во Обвинителството за организиран криминал трае сослушувањето на обвинителката од СЈО Лиле Стефанова во врска со случајот „Рекет“. Засега нема официјална информација до кога ќе трае распитот на Стефанова и дали таа ќе даде изјава за новинарите кои чекаат пред обвинителството. Распитот го води обвинителката Ивана Трајчева, во отстуство на шефицата […]

Гран при на „Езерски бисери“ за пијанистката Ана Гаштаровска


Македонската пијанистка Ана Гаштаровска ја освои наградата Гран при  на 17-иот меѓународен арт фестивал „Езерски бисери“ и доби фестивалска статуетка, парична награда од 1000 долари која ја додели Фондацијата Зографски и охридски бисери од семејството Филеви.  Младата талентирана Ана Гаштаровска е студентка по пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Најновото издание на „Езерски […]

Сонцето од Кутлеш веќе нема да свети: Нема казни за граѓаните што ќе го носат со себе


Симболот од Кутлеш заминува во историјата. Шест месеци по официјализацијата на договорот за името во Мала Преспа, Македонија ќе треба да почне со применување на одредбата според која, нема да го употребува симболот на поранешното знаме во јавен простор од страна на јавни и државни институции. Спомениците во центарот на Скопје нема да бидат урнати, […]

Евакуиран манастир поради пожар на Евија


Манастирот Света Богородица Мавровска на грчкиот остров Евија утрово е евакуиран поради голем пожар, додека жителите од трите околни села исто така се предупредени да бидат подготвени да ги напуштат своите домови. Огнот што изби во централниот дел на Евија го гаснат 80 пожарникари со 39 возила, како и четири авиони и два хеликоптери. Гаснењето […]

Кој е фраер, а кој коцкар: Џамбазов и Михајловски во новиот домашен филм „Те dua, Жими мене”


 „Те dua, жими мене” е новиот независен македонски филм чие снимање ќе започне на 15 август во Скопје, во режија на Марјан Гавриловски, а по сценарио на Никола Кузелов. Kако директор на фотографија ќе се потпише Александар Карпузовски. Приказната е за квази фраер, коцкар и хармоникаш, кои трудејќи се да ја вратат дома купената жена […]

Клиниката „Жан Митрев“ отворена за соработка со Антикорупциска


Клиниката „Жан Митрев“ ја поздравува иницијативата на Антикорупциската комисија за испитување на случајот со детската кардиохирургија. Клиниката, како што соопшти денеска, е отворена за соработка за обезбедување на сите потребни информации и документи кои ќе бидат потребни за утврдување на вистината. ДКСК ќе ги испитува законитоста и постапките за договорот за детска кардиохирургија Државната комисија […]

Од Инспекторатот тврдат: Во „Жан Митрев“ се е регуларно


Здравствената дејност во ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“ – Скопје се врши согласно Решението за дозвола за вршење дејност издадено од Министерство за здравство, велат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Инспекторатот соопшти дека вчера извршил вонреден инспекциски надзор во ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“ во врска со исполнувањето на законската обврска на здравствената установа […]

(Видео) Освежувањето на летните горештини на Дуња и Даела вистинска светска атракција


Пеколните температури кои ја зафатија земјава, не им пречи само на луѓето туку и на животните. Слониците Дуња и Даела во скопската зоолошка градина се разладуваат со вода на високите температури, но исто така двете уживаат и во езерцето во нивното живеалиште. Видеото за нивното разладување го обиколи светот, но и регионот. Слониците беа пренесени […]

Од утре пороен дожд, а од четврток намалување на температурите


Поројни врнежи со грмежи и силен ветер од утре попладне, а заладување за пет до осум степени од четврток, најавува УХМР. Според Управата, утре попладне и во текот на ноќта, најпрво во северните делови од земјата, на места ќе има пороен дожд со грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со појава […]

Реакција на Јанкуловски на барањето на ДКСК: Обид да се наруши мојата чест и авторитет


Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Никола Јанкуловски реагира до Антикорупциска која го предупреди дека извршува две функции. Неговата реакција ви ја пренесуваме интегрално. Официјалното соопштение на Државната комисија за спречување на корупцијата изнесено на прес конференцијата одржана на 12. 8. 2019 година во врска со моето вршење на должноста, ректор на […]

Обвинителството му врати на Пендаровски: Подобро да ги повикаше пратениците да го гласаат новиот закон


Основното јавно обвинителство денеска реагираше по критиките од претседателот Стево Пендаровски за бавната истрага околу случајот „Рекет“ и барањата за одговорност кај сите инволвирани, вклучително и претставници на актуелната власт. „Укажуваме дека не е време за напади на институциите и нема да дозволиме дискредитирање на обвинители и мешање во кривични постапки од страна на политичарите. […]

Објавена третата стрип – книга за Итар Пејо


Македонскиот стрип центар со седиште во Велес ја објави третата книга од стрип серијалот наменет за познатиот народен јунак Итар Пејо. Со издавање на истата завршува материјалот на реномираниот македонски автор Диме Иванов Димано наменет за овој итроманец. Диме Илиев-Димано е знаменит стрип автор, еден од добитниците на Признанието „Љупчо Филипов“, што се доделува на […]

Патен: Кинеска интервенција во Хонг Конг би била катастрофа


Последниот британски гувернер на Хонг Конг, Крис Патен, денеска предупреди дека интервенција на Кина во Хонг Конг би била катастрофа и дека кинескиот претседател Си Џинпинг треба да покаже мудрост во обединување на народот. Патен рече дека е контрапродуктивно Кинезите да предупредат за „други методи“ освен ако не престанат протестите. – Тоа би било катастрофа […]

Почвата дехидрирана, да се интервенира со наводнување


И земјоделството е на удар од високите температури што деновиве надминаа 40 степени. Почвата е дехидрирана. Нема вода. Агрометеоролозите апелираат да се наводнува секаде каде што има услови. Топлото време посебно ги погоди пролетните окопни култури, сончогледот и пченката, како и градинарските култури на отворено. Не се поштедени ниту овошките, а најмалку трпи виновата лоза. […]

Педесет и осум години од изградбата на Берлинскиот ѕид


Германија – Во Берлин денеска се одбележува 58-годишнината од изградбата на Берлинскиот ѕид, кој во текот на Студената војна го делеше градот на два дела, во поделената комунистичка Источна Германија и Западна Германија. Sидот, долг 160 километри и висок 3,6 метри, станал највпечатлив симбол на Студената војна и на Железната завеса. Тој ги разделувал Источна и […]

Тинејџерките ја избраа Тејлор Свифт за икона


САД- Наградите „Избор на тинејџерите “ (Teen Choice Awards) за првпат доделува награда за икона која со своето дело позитивно ги инспирирала тинејџерките низ светот. Таа титула ја доби поп-ѕвездата Тејлор Свифт (29) . Наградата не е изненадување ако се земе предвид дека и самата Свифт почнала да се бави со музика уште на 13-годишна […]

Аланис Морисет по трет пат мајка на 46 години


САД– Пејачката Аланис Морисет (46) по трет пат стана мајка на 46 години. На 8 август таа го роди синот Мерси. „Тој е тука“, напиша таа на социјалните мрежи, покрај црно-белата фотографија од момчето кое спие. На Морисет ова ѝ е трето дете, а го роди во нејзиниот дом. Таа и нејзиниот сопруг се родители […]

Весели: Охридскиот договор ја демократизира Северна Македонија и го стабилизира Балканот


Претседателот на Собранието на Косово и лидер на Демократската партија на Косово (ПДК) Кадри Весели, по повод 18-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, порача дека „овој настан претставува најголемо достигнување во напорите на Албанците за да живеат како рамноправни на своите простори“ во Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина. Весели преку објава […]