Кој е фраер, а кој коцкар: Џамбазов и Михајловски во новиот домашен филм „Те dua, Жими мене”


 „Те dua, жими мене” е новиот независен македонски филм чие снимање ќе започне на 15 август во Скопје, во режија на Марјан Гавриловски, а по сценарио на Никола Кузелов.

Kако директор на фотографија ќе се потпише Александар Карпузовски.

Приказната е за квази фраер, коцкар и хармоникаш, кои трудејќи се да ја вратат дома купената жена од Албанија стануваат дел од мафијашка зделка.

Во филмот ќе играат Тони Михајловски, Игор Џамбазов, Мими Таневска, Атанас Атанасовски, Сенко Велинов, Рујиш Беговска, Мирсад Абази, Ангела Стојановска, Никола Кузелов, Талија Настова, Исмаил Касуми, Ангела Димитрова, Валентин Видович, Надица Петрова, Елдин Широки, Флакрон Алиу и други.

Снимањето ќе трае околу 30 дена на локации низ Скопје, а премиера на филмот се очекува на крајот на следната година.