Во САД температурите достигнаа 47 степени

Метеоролозите предупредуваат дека американскиот југ и средниот запад ќе ги погоди топлотен бран, такашто во некои делови на САД се очекуваат температури до 47 степени Целзиусови.

Метеоролошката служба на САД предупреди дека најголеми жештини се очекуваат во 13 сојузни држави.

Временските услови денеска се најтешки во Луизијана, Арканзас, Мисисипи и Оклахома, пренесе АП.

„Се чувствувате како да сте во пеколот, ете такво е чувството“, вели сопственичка на продавница во Мисисипи.

Купувачите кои влегуваат со продавницата се со сламени шешири и со мокри крпи околу вратот за да се разладат колку-толку.

Според метеоролозите дополнително отежнување е и влажноста на воздухот, која е присутна во Луизијана.

Слични временски услови на југ и на средниот запад се очекуваат и за утре.