Владата ќе купува простории за сместување на нашата мисија во седиштето на НАТО


Владата на денешната седница го задолжи Министерството за финансии со ребаланс на Буџетот за годинава да обезбеди средства за купување простории во кои ќе биде сместена нашата мисија во новото седиште на НАТО во Брисел. -На редовната 151 седница, Владата на Република Северна Македонија, на предлог на Министерството за надворешни работи, ја разгледа и усвои […]

Средба Ердоган-Путин во Москва


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Москва се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, јави агенцијата Анадолија. По средбата на Меѓународниот аеродром во Москва „Јуковскиј“ која траеше еден час и 20 минути, Ердоган и Путин одржаа заедничка прес-конференција на која се осврнаа на неколку прашања. – Наша цел е да се спречи пролевање на крв […]

Законот за иднината на СЈО в четврток на седница на собраниската Комисија за европски прашања


Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби за в четврток ја закажа седницата на која ќе се расправа по Предлогот на закон за јавното обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на Специјалното јавно обвинителство, и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители  […]

Дестани незадоволен од слабите резултати на Шкендија


Сопственикот на актуелниот шампион на Северна Македонија, Шкендија, Лазим Дестани, изрази незадоволство од нивото на настапите и славите резултати на неговиот клуб кои бележат разочарувачки пад кој не треба да продолжи понатаму. Дестани во соопштението до јавноста истакнува дека во последните настапи не ја гледаме таа Шкендија која сме навикнале да ја гледаме последниве години, […]

Болсонаро: Ќе ја прифатам помошта доколку Макрон ги повлече коментарите


Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска изјави дека Бразил ќе ја прифати понудата за меѓународна помош и за борба против пожарите во Амазонија, но само доколку францускиоит лидер Емануел Макрон ги повлече, како што кажа, навредливите коментари. Болсонаро изјави дека Макрон го нарекол лажго и го обвини францускиот претседател дека го доведува во прашање суверенитетот на […]

Фараж му понуди изборен пакт на Џонсон


Лидерот на британската Партија за Брегзит, Нејџел Фараж му понуди на британскиот премиер Борис Џонсон „изборен пакт“ доколку земјата излезе од Европска Унија без договор, а во спротивно ќе се соочи со битка за секое пратеничко место на следните избори. Откако пред повеќе од три години Велика Британија на референдум со 52 отсто од гласовите […]

Честитка од Џафери по повод празникот Успение на Света Богородица


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска упати честитка по повод утрешниот празник Успение на Пресвета Богородица. -Дозволете ми, од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, Вам лично, на членовите на Светиот Архиерејски Синод, на монаштвото и свештенството, на сите православни верници на Македонската […]

Британската опозиција обединета против Брегзит без договор


Британските опозициски партии денеска соопштија дека се договориле заедно да работат во обид да спречат излегување на Велика Британија од Европска Унија без договор, преку законодавна процедура или преку изгласување на недоверба на Владата во Парламентот. Пратениците следната недела се враќаат од одмор и се подготвуваат за битка против премиерот Борис Џонсон, кој вети излегување […]

Веб апликацијата МојДДВ од денеска достапна на македонски, албански и англиски јазик


Веб апликацијата МојДДВ за увид во износот на поврат на 15 отсто од ДДВ и бришење на фискални сметки што се скенирани по грешка, од денеска е достапна за граѓаните на македонски, албански и англиски јазик, информира Управата за јавни приходи. Од Управата посочуваат дека веб апликацијата МојДДВ може да се преземе на следниот линк, што е […]

Анализи: Текстилните работници сѐ уште со недоволни работнички права


Текстилните работници сѐ уште се со нарушени работнички права. Работат во просечни услови за заштита на здравјето, платите се ниски, има мобинг и немаат многу доверба во инспекторатот и во синдикалното дејствување. Сѐ уште се плашат отворено да говорат за проблемите. Ова е дел од анализата на истражувањето што прилепската невладина организација „Достоинствен работник“ го […]

Пецас: Враќање и прераспределба на бегалците и мигрантите се основните точки на европската политика


Враќање на мигрантите и бегалците кои немаат право на азил во Грција и прераспределба меѓу европските земји на оние кои имаат право на азил се двете основни точки, според портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, што треба да бидат вклучени во европската политика за справување со конкретното прашање. На денешниот редовен брифинг со новинарите, Пецас, […]

Заев ја поздрави иницијативата за формирање регистар на професионални онлајн медиуми


За поздравување е иницијативата на Здружението на новинарите на Македонија, Стопанската комора и Советот за етика во медиумите за формирање регистар на професионални онлајн медиуми со кој ќе и се посочи на јавноста кои портали ги исполнуваат критериумите да бидат медиуми, но и кои се тие кои се придржуваат до новинарскиот кодекс при своето работење […]

ЕВН ги санира далекуводите кои беа зафатени од пожарот кај езерото „Младост“


Екипи на ЕВН активно работат на санирање на штетите и воспоставување на напонска состојба на двата далекувода што беа оштетени при вчерашниот пожар кај езерот „Младост“ во Велес. Екипите на Електродистрибуција од Велес ќе останат на терен се додека се нормализира снабдувањето со електрична енергија, инфомрираат од компанијата. -Екипите на Електродистрибуција од Велес од самиот […]

Русковска : Не се спомнуваат политичари во исказот на Камчев


Кога ќе оценам дека е тоа потребно, Бојан Јовановски ќе биде повикан да даде исказ  за случајот „Рекет“, изјави денеска обвинителката Вилма Рускоска по состанокот во Советот за јавни обвинители кој одлучува дали ќе поведе постапка за разрешување на специјалната обвинителка  Катица Јанева. Рускоска рече дека не знае дали се подготвува барање за Јанева да […]

Заев: Реални се шансите за старт на преговорите со ЕУ


Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се обратија на работниот состанок на Амбасадорскиот совет, што во организација на МНР се одржува во Клубот на пратениците во Скопје. На состанокот на тема „ЕУ перспективата на Република Северна Македонија“ во пресрет на Советот на ЕУ […]

Што треба да знаеме за правдата


ГОРАН АДАМОВСКИ Рочиштето за случајот каде што на пратеник му се суди за изборни нерегуларности се одложува затоа што пратеникот треба да присуствува на координативна средба кај претседателот на Собранието. Оваа вест што вчера излезе од зградата на Кривичниот суд во Скопје е сè што треба да знаете за начинот како функционира правната држава. На […]

Дескоска најави и „план Б“ за решавање на статусот на СЈО


Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека ако не се обезбеди двотретинско мнозинство за законот за јавно обвинителство, тогаш во опција се други решенија, а едно од нив е измени во Законот за Советот на јавни обвинители, кој се носи со 61 глас. Откако денеска Собранието со само 57 гласа „за“ ја утврди потребата […]

Шестмина мигранти загинаа во сообраќајка во Грција


Атина – Шестмина мигранти загинаа во сообраќајна незгода што се случи вчера во близина на грчкиот град Александруполи, откако во возилото во кое се превезувале изгубило контрола и излетало од патот. Доцна синоќа од Министерството за здравство на Грција соопштија дека од 18 лица што биле во возилото, шест го загубија животот, а од другите […]

Неветувачки старт на законот за обвинителство во парламентот


Со само 57 гласа „за“ од вкупно пријавени како присутни 99 пратеници, Собранието, на денешната седница – прва по летната ферија, ја утврди потребата од донесување по скратена постапка на предлог-законот за јавно обвинителство. Тоа значи почеток на расправата за овој владин предлог – закон во собраниските комисии, каде што се можни амандмански интервенции. Со […]

Луковски повторно давал исказ за „Рекет“


Поранешниот главен извршен директор на „Т-мобиле“ Жарко Луковски утринава бил повторно  да даде исказ во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“. Овој исказ, според информациите, е дополнување на претходниот, затоа што Луковски, кој бил меѓу повиканите како сведок кога почнала истрагата за „Рекет“, сам побарал да го дополни изјавеното. Поранешниот директор […]