Шестмина мигранти загинаа во сообраќајка во Грција


Атина – Шестмина мигранти загинаа во сообраќајна незгода што се случи вчера во близина на грчкиот град Александруполи, откако во возилото во кое се превезувале изгубило контрола и излетало од патот.

Доцна синоќа од Министерството за здравство на Грција соопштија дека од 18 лица што биле во возилото, шест го загубија животот, а од другите 12, двајца се сериозно повредни.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на свои извори, објави дека полицијата веднаш по несреќата уапсила две лица, кои веројатно се криумчарите и кои се обиделе да побегнат од местото каде што се превртело возилото.