Болсонаро: Ќе ја прифатам помошта доколку Макрон ги повлече коментарите


Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска изјави дека Бразил ќе ја прифати понудата за меѓународна помош и за борба против пожарите во Амазонија, но само доколку францускиоит лидер Емануел Макрон ги повлече, како што кажа, навредливите коментари.

Болсонаро изјави дека Макрон го нарекол лажго и го обвини францускиот претседател дека го доведува во прашање суверенитетот на Бразил по тензиите заради пожарите што ја зафатија Амазонија, пренесоа американските медиуми.

Бразилскиот претседател истакна дека Макрон мора да  повлече некои свои коментари, и дека дури тогаш „ќе можат да одговара“.

Американските медиуми наведуваат дека Макрон ја довел во прашање доверливоста и посветеноста на Болсонаро да ја заштити биолошката разноликост.

Групата 7 индустриски најразвиени земеји вети дека како помош за пожарите во Амазонија и заштитата на прашумата, на Бразил ќе му даде 20 милиони долари, со дополнителните 12 милиони долари од Велика Британија и 11 милиони долари од Канада, како и канадери за гаснење на пожари.