Турска опозиција: Ердоган потроши милиони долари за веб-страница на општина Истанбул


Турција – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган потрошил 80 милиони турски лири (13 милиони американски долари) за веб-страницата на Истанбулската општина за период од три години, тврди Екрем Имамоглу, кој не ја презеде функцијата градоначалник на Истанбул по одлуката на турските власти да ги поништат изборите од 31 март. Кандидатот на опозицијата Имамоглу победи на изборите на […]

Почна чистката во СДСМ. Заев ги распушта извршните одбори на партиските разграноци


Претседателот на СДСМ Зоран Заев ги почна кадровските промени со разрешување на претседателите на сите 78 општински организации на партијата, чие именување, според партискиот статут, е во негова надлежност. Со тоа се распуштаат сите извршни одбори на локално ниво. Ова е резултатот од синоќешната координација на најтесното раководство на „Бихаќска“. Заев соопшти  денеска дека во […]

Кејт или Меган : Кој има повеќе следбеници на социјалните мрежи?


Англија- Вилијам и Кејт со 8,9 милиони следбеници, наспроти 8,3 милиони следбеници на Хари и Меган- водат во битката за популарност на социјалните мрежи. Кралицата Елизабета Втора, во духот на времето, распишала оглас за менаџер за социјалните мрежи. Претходно, Меган и Хари целосно се одвоија од Вилијам и Кејт на социјалните мрежи. Досега сите делеа […]

Приватно здравствено осигурување само со државно


Голем дел од хонорарците во земјата немаат здравствено осигурување бидејќи работодавачите, согласно Законот за работни односи, немаат обврска да им го плаќаат. За да имаат, треба да се пријават во ФЗОМ и во Агенцијата за вработување, меѓутоа, ретко кој од нив има статус на осигурено лице во Фондот за здравствено осигурување, така што тие што […]

Тони Зен со нов албум:  „Од изворот на изборот“


Хип хоп артистот Тони Зен, синоќа, во МКЦ клуб и ресторан, го промовираше својот шести по ред албум со наслов „Од изворот на изборот“. Пред повеќе стотици гости, најголем дел негови пријатели и препознатливи музички имиња од домашната сцена, Тони Петковски нескриено ја искажа радоста по повод излегувањето на неговиот најнов соло албум и по […]

Во пресрет на митингот на СИРИЗА во Солун приведени 25 лица


Грција– Грчката полиција синоќа во Солун приведе 25 лица, поради учество на протест против Договорот од Преспа во пресрет на предизборниот собир на владејачката партија СИРИЗА на кој се обрати премиерот Алексис Ципрас, објавија грчките медиуми. На шестмина од уапсените им е одредена мерка притвор, а останатите се пуштени на слобода. Според локалните медиуми, дел […]

И Панасоник ја прекинува соработката со Хуавеј


Јапонија – Јапонската компанија „Панасоник“ одлучи да прекине испорака на одредени компоненти за кинескиот производител на телекомуникациска опрема „Хуавеј“, откако САД воведоа  рестрикции за извоз за таа компанија. – Бројот на производи што се погодени од таа одлука е ограничен и тешко дека ќе има какво било влијание на профитот, тврди претставник на „Панасоник“. Компонентите што […]

Во скопската зоолошка ќе се реновираат живеалиштата за лавови и кенгури


Во Зоолошката градина во Скопје деновиве започнаа подготовките за реновирањето на живеалиштето на морскиот лав, а беше подготвено и новото живеалиште за зебрите Јанош и Јашари кои пристигнаа од Словенија и Чешка. Во наредниот период, благодарение на спонзори и донатори ќе се реновираат сите живеалишта каде има потреба од подобрување на условите. Како што информираат […]

Марадона негираше дека бил во притвор во Буенос Аирес


Аргентина – Поранешниот фудбалер и селектор на репрезентацијата на Аргентина, Диего Марадона, негираше дека бил уапсен на аеродромот во Буенос Аирес. Претходно беше објавено дека причината за апсењето била тужбата на поранешната девојка Росио Олива. Тоа бара од него да плати сума од пет милиони фунти. Тие биле во врска шест години и се разделиле во […]

Чешката култура ќе биде претставена во Македонија


Амбасадата на Чешката Република сака да излезе од фокусот на политиката и на македонската јавност да ѝ ја претстави чешката култура за да може уште повеќе да ги приближи двете земји. „Сега кога кризата во вашата земја е завршена со претседателските избори, сакаме да се насочиме и кон други работи кои не се поврзани со […]

Договорени првите кадровски резови во СДСМ


Раководството на СДСМ постигнало начелен договор за тоа како ќе се спроведуваат кадровските промени, посебно за функционерите од оваа партија што ги најави премиерот Зоран Заев во периодот меѓу двата круга од претседателските избори. За ова било разговарано на синоќешната кординација на најтесното раководство на партијата на Бихаќска. Според партиски извори, се очекува од денеска […]

Турција прекина да купува иранска нафта


Турција – Турција на почетокот на мај целосно прекина да увезува иранска нафта, за да ги почитува американските санкции, иако не ги одобрува, изјави турски официјален претставник. – Како стратешки сојузник на САД, ние ги почитуваме санкциите, изјави претставникот на маргините од неговата посета на Вашингтон, каде што е во придружба на заменик-министерот за надворешни работи […]

Мундијалот во Катар останува со 32 репрезентации


Швајцарија– Светското фудбалско првенство во Катар ќе се игра со 32 репрезентации и покрај најавите за проширување на бројот на учесници на 48. Главна причина е недоволното време за подготовка за новиот формат. Организацискиот одбор на Светското првенство во 2022 година не беше против зголемувањето на бројот на учесници на турнирот на 48. Катар отсекогаш бил […]

Новости: Белград не сака арбитража поради царините, подготвува контрамерки


Србија – Белград нема да почне арбитража против Приштина поради огромните царини на производи од централна Србија, туку е одлучено да се применат контрамерки што во моментов се разгледуваатм, објави весникот Новости. Според весникот, за арбитража се откажале, бидејќи УНМИК, кој е потписник на ЦЕФТА-договорот во име на Косово, се прогласил за ненадлежен. – Во таа […]

ЈСП утре ќе вози по неделен возен ред


Изменет ќе биде возниот ред на автобусите во петок. Од ЈСП информираат дека утре (24.05.2019 година), поради државниот празник 24 Мај – Ден на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Зголемен бројот возачи без возачка дозвола на скопските сообраќајници


Од вкупно 32 возачи исклучени од сообраќај вчера 30 се без возачка дозвола, а само двајца возачи почетници. Информациите од СВР Скопје покажуваат дека и денеска, како и во изминатите денови, е голем бројот возачи учесници во сообраќајот без возачка дозвола. СВР Скопје денеска соопшти дека од сообраќај се исклучени и 18 нерегистрирани возила. Инаку, […]

Експлозија на пазар во Загреб, нема повредени


Хрватска- Експлозија одекна на пазар во Загреб рано утрово во која нема повредени. Полицијата соопшти дека околу три часот утрово одекнала експлозија во населбата Гајнице, од засега  неутврдена причина, јавија хрватски медиуми. Од експлозијата, оштетена е една продавница во пазарот и камион паркиран во близина на продавницата.

Опозицијата на два ума. На вмровците не им се (пре)дава Груевски


Неколку координации на ВМРО-ДПМНЕ и на пратеничката група беа најавени за синоќа и за утринава, пред денешното заседание на Комисијата за мандатно-имунитени прашања. Гласовите на опозицијата се одлучувачки дали ќе му се одземе пратеничкиот мандат на поранешниот и долгогодишен премиер и лидер на десницата Никола Груевски, кој веќе половина година е во бегство во Унгарија. […]

Новинa: Децата со лесна попреченост од септември во редовни училишта


Од септември во посебните училишта нема да учат, односно да се примаат ученици со лесни попречености. Тие ќе треба да се образуваат во редовните училишта, а во посебните и натаму ќе се образуваат само учениците со најтешки пречки. Ова е една од опциите во втората верзија на предлог-законот за основно образование, која предвидува посебните основни […]

Клучни етапи по европските избори


Белгија – Европските избори, што почнуваат денеска и ќе траат до 26 мај, се претходница на големи промени во европските институции што ќе бидат извршени до крајот на 2019 година. Во тие месеци ќе има неколку клучни етапи. На 26 мај, по затворањето на изборните места во Италија (по 21 по Гринич), националните власти на секоја од […]