Мајка и дете со изгореници по пожарот во Центар


Во вторникот, во 9.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Христо Смирненски“ избувнал пожар во стан во кој престојувала  В.С. (43). Во моментот кога избил пожарот во станот се наоѓале Д.В.(31) од Радовиш и нејзиното тригодишно дете кои се здобиле со полесни изгореници и вдишале чад поради што биле пренесени во Комплексот […]

За пет илјади долари: Се продава евровизискиот костим на Марија од „Ај Кју“


Евровизискиот костим кој го носеше пејачката Марија од „Ај Кју“ во 2018 во Лисабон, е ставен на продажба на eBay по цена од 5.000 долари, плус 127 долари испорака. На евровизиската сцена, пејачката носеше розово палто, а под него имаше едноделен костим кој бил шиен 2.000 часа. Иако според нив ова е модно ремек-дело, сепак […]

Поранешен градоначалник на Техеран призна дека ја убил сопругата


Полицијата го уапси некогашниот ирански потпретседател и поранешен градоначалник на Техеран, Мохамад Али Наџафи, откако призна дека убил една од своите две жени со пиштол во нивната куќа. Полицијата вчера го привела Наџафи откако сам се пријавил и признал дека ја убил својата сопруга Митра Наџафи, јави агенцијата ИРНА цитирајќи го обвинителот Мухамед Џахријари. Џахријари […]

Затворена една лента на дел од Автопатот Скопје – Велес


Левата коловозна лента на автопатот А1 од Скопје кон Велес, на делот помеѓу наплатна станица Сопот и Башино Село, денеска од 10.00 до 13.00 часот ќе биде затворена за сообраќај, информираат од АМСМ. Затворањето на коловозната лента е поради изведување градежни активности. На самото место е поставена содветна сигнализација за работа на пат.

УБК заминува во историјата. Кого Заев ќе го избере за прв разузнавач?


За неколку дена, на Горан Николовски ќе му биде прекинат мандатот како директор на УБК, а дотогаш владата треба да го именува првиот директор на новата Агенција за безбедност, чие формирање е уредено со Законот што минатата седмица го донесе парламентот со 91 глас „за“, а вчера го потпиша претседателот Стево Пендаровски. Според неофицијални информации, […]

Годишна изложба на Факултетот за арт и дизајн


13-тата по ред традиционална Годишна изложба на студентите од Факултетот за арт и дизајн ќе се отвори утревечер во 20 часот, во халата на старата печатница во објектот на Европски универзитет во Скопје (каде се одржа пролетниот Моден викенд Скопје). И овој пат, изложбата ќе ги претстави најдобрите дела и дизајн решенија кои произлегоа од […]

„Хуавеи“ ги даде на суд САД: Компанијата ја оспорува уставноста на американскиот закон за ограничувања


Кина – Кинескиот технолошки гигант „Хуавеи“ денеска почна постапка пред американски суд, со која ја оспорува уставноста на Законот за ограничување на продажбата на неговата телекомуникациска опрема, што е најнов потег во тековниот конфликт со американската Влада. Главниот правен застапник на „Хуавеи“, Сонг Лупинг, изјави на прес-конференција дека компанијата поднела барање, судот да пресуди без да […]

Внуката на Коле Штерјев, обвинителка во „Ликвидација“


Новинарот Томислав Кежаровски, шест години откако беше осуден, пак треба да седне на обвинителна клупа за случајот „Ликвидација“. На 2 јули спроти него нема да биде обвинителката Лиле Стефанова, која првично го водеше овој случај, туку обвинителката од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Марија Ѓорѓева. Стефанова сега е обвинител во Специјалното јавно […]

Катругалос: Знаевме дека ќе загубиме гласови поради Преспа


Знаевме дека ќе загубиме одредени гласови поради Договорот од Преспа, вели министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос во интервју за грчката телевизија „Контра“ и објаснува дека СИРИЗА имаше лоши резултати на изборите и во други области, а не само во северниот дел, каде што беа најсилни реакциите за решението меѓу двете земји, јави […]

Воената вежба „Одлучен удар” и во Битола


Во рамки на воената вежба „Одлучен удар”, која од 5 јуни до 9 јули ќе се одржи на ЦПО Криволак, еден програмски ден ќе биде реализиран во Битола. Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираат дека оваа активност е договорена на синоќешниот заеднички состанок со секретарот на Општина Битола, претставници од Министерството […]

Заев во опасна трка со времето


ЕРОЛ РИЗАОВ Големината и радикалноста на смените и ротациите на владините и партиските функционери на социјалдемократите нема да имаат големо значење ако на премиерот Зоран Заев му падне стрелката на часовникот во симултанката што ја игра во цајтнот. Иако е во добитна позиција, може да ги изгуби и партијата и владата. Тоа би било поголема […]

Информативен пулт за граѓаните во Народната банка


Во текот на Деновите на финансиската писменост, од денеска до петок, во просториите на Народната банка има информативен пулт, на кој во периодот од 10 до 13 часот, сите заинтересирани граѓани ќе можат да добијат одговор на нивните прашања од сферата на централнобанкарското работење кај нас. Заинтересираните граѓани ќе може да го посетат и Музејот […]

Над 73.000 деца ќе користат детски додаток, а над 64.000 образовен додаток


Од денеска, започнува реализацијата на мерките од новата социјална реформа која целосно го преобразува системот за социјална заштита. Тричлените семејства со приходи до 11.400 денари, четиричлените семејства со приходи до 13.800 денари и петчлените семејства со приходи до 15.000 денари од денеска можат да се пријавуваат во локалните центри за социјални работи, за да може […]

Електричните автомобили за 20 години ќе преовладуваат на пазарот


САД – Автомобилите на електричен погон сега се мал дел од пазарот, но во блиска иднина тоа значително ќе се промени, тврдат аналитичари на БНЕФ (Bloomberg New Energy Finance) и според нив до 2040 година околу 57 отсто од новопродадените автомобили ќе бидат со електричен погон. Истото важи како за патнички така и за лесни комерцијални […]

Федерер доби дрес од Мбапе


Франција– Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се состана во Париз со напаѓачот пари Сен-Жермен и француски репрезентативец Килијан Мбапе во Париз, каде што се одржува Грен слемот „Ролан Гарос“. Фудбалерот на Федерер му подари свој дрес. За потсетувањње, во првото коло Федерер го победи Италијанецот Лоренцо Сонего. Во следниот натпревар ќе игра со германскиот тенисер Оскар Оте.

Папата му порача на Трамп: Ѕидот со Мексико е грешка


Ватикан – Папата Франциск изјави дека е подготвен на американскиот претседател Доналд Трамп лично во лице да му каже дека е погрешно териториите да се бранат со изградба на ѕидови долж границите. Во интервју за мексиканската телевизија „Телевиса“ емитувано синоќа, папата исто така ги отфрли критиките на ултраконзервативните католици кои го нарекуваат еретик. – Не знам […]

САД со намери за прекин на обука на турски пилоти заради купувањето руски ПВО системи


САД– САД би можеле да ја прекинат обуката на турските пилоти за управување со борбени авиони Ф-35 поради планот на Анкара да купи руски ракетни системи С-400, јавија западни медиуми цитирајќи неименувани извори. Пилотите се обучуваат во авиобаза во Аризона. Во врска со ова, не е јасно дали ќе мора да ја напуштат државата доколку […]

Жаклин Бедидо Писано: Која е најдобрата модна блогерка на светот?


Италија- Нејзиниот Инстаграм профил го следат повеќе од половина милион следбеници со кои споделува елегантни модни комбинации. Мајка е на 31-годишна ќерка и баба на две внуки, а сега, на 51 година ја освои титулата на најдобра модна блогерка на светот, на гала настанот, во рамките на Канскиот филмски фестивал кој заврши викендов. Жаклин Бедидо […]

Советите на Ружин и Андоновски ќe нѐ чинат 18.000 евра


Ангажманите на Александар Ружин и на Венко Андоновски како надворешни соработници на премиерот им завршуваат на 31 декември годинава, велат од Владата по откривањето на веста дека синот на ексамбасадорот во НАТО и писателот кој беше добар и со поранешната влада на Никола Груевски, влегле во тимот на Зоран Заев. Од „Илинденска“ посочуваат дека нивниот […]

Алармантни оценки од УКИМ: Високото образование урнисано и пред распаѓање


Високото образование е во распаѓање, неопходни се итни реформи. Еден од проблемите што го посочуваат професорите е начинот на финансирање на факултетите, што е застарен и потекнува од осумдесеттите години. Модерните текови во високото образование бараат и научни фондови, инвестиции, но и обнова на објектите кои на најголемиот и најстар универзитет „Св. Кирил и Методиј“ […]