Групата „Билдерберг“ на средба во Швајцарија, главни теми Европа и климата


Швајцарија – Групата Билдерберг, на чии состаноци секоја година се собираат познати личности од европски и северноамерикански политички и економски кругови, ќе одржат состанок во швајцарскиот град Монтре за да разговараат за голем број теми, вклучувајќи ја Европа и климата. Меѓу учесниците оваа година се Џаред Кушнер, зет и советник на американскиот претседател Доналд Трамп, холандскиот […]

Стејт департмент: Разговорите во Осло да се фокусираат на повлекувањето на Мадуро


САД – Започнатите во Осло дискусии меѓу претставниците на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и пратеници на лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо, поддржан од САД, треба да се фокусираат само на повлекувањето на претседателот социјалист, соопшти Стејт департментот. -Како што досега многупати сме нагласувале, САД сметаат дека единственото за кое треба да се преговара со Николас Мадуро, […]

Втор Фестивал на светлината во Скопје


Во Скопската чаршија, на кејот на Вардар и во Градскиот парк од денеска до 1 јуни ќе се одржува вториот Фестивал на светлината (Skopje Light Art District) кој вечер од 20 часот ќе биде отворен во Куршумли ан. Организатор е ЈУ Универзална сала со поддршка на Град Скопје. Дваесет и пет уметници, уметнички здруженија и […]

Цветанка Ласкова: Мандатот ми заврши пред една година, потребна беше свежа крв


Довчерашната „прва жена“ во Социјалдемократскиот сојуз, Цветанка Ласкова тврди дека нејзиниот мандат во Форумот на жени завршил уште пред година и половина, така што не чувствува лутина и гнев што нејзиното име влезе во комплетот разрешени функционери во неделната седница на Централниот одбор. Таа вели дека останува активен член и советник за култура на премиерот […]

Чествување по повод еден век од раѓањето на Димитар Митрев


Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ денеска од 12 часот организира чествување на Димитар Митрев,  основоположникот на современата македонска книжевна критика, по повод 100 години од неговото раѓање.  Беседа за Димитар Митрев (1919-1976) ќе одржи проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Во оваа пригода ќе биде промовирана и книгата „Мозаик од гласови“ од Лидија Капушевска-Дракулевска, која ја доби наградата […]

Познатиот пијанист Березовски со два концерта во Филхармонија


Познатиот руски пијанист Борис Березовски денеска и утре ќе настапи во Филхармонијата. Виртуозот на пијаното, кој е меѓу најбараните современи солисти, вечер од 20 часот во камерната сала ќе има рецитал со изведба на дела од Шуман, Балакирјев и Григ. Заедно со него ќе настапат и македонски уметници – виолинистите Ана Кондратенко и Владимир Костов, […]

Макрон: Две жени и двајца мажи на челните позиции во ЕУ


Белгија – Францускиот претседател Емануел Макрон  изјави дека тој се залага Европската унија во наредните пет години да ја предводат две жени и двајца мажи со силни личности, но не сакаше да ги открие имињата на своите фаворити за тие позиции. – За мене е клучно луѓето на најчувствителните позиции да го делат нашиот проект и […]

Министрите оптимисти, капиталните инвестиции под 10 отсто 


Од јануари до април за капитални инвестиции биле потрошени само 41,5 милион евра. Иако од месец во месец реализацијата расте, за четири месеци таа е помала од 10 проценти од предвидената за годинава. Министрите не се загрижени за бројките. Исклучително задоволен од реализацијата на капиталните инвестиции во ресорот транспорт и врски е министерот Горан Сугарески. […]

„Новите книги на Русија” – изложба на руска литература


Во Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” денеска напладне ќе биде отворена изложба-саем „Новите книги на Русија” која ќе може да се посети во наредните три дена. Ќе бидат претставени повеќе од две илјади книги објавени во последните години од водечки руски издавачки куќи, како: „Наука”, „Источна литература”, „Академија”, „Питер”, „Академски проект”, „Росспен”, […]

Без договор за новиот претседател на ЕК


Белгија – Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Maкрон синоќа не успеаја да се договорат за тоа кој ќе биде новиот претседател на Европската комисија. Состанокот на шефови на држави и влади на 28 земји од ЕУ беше зад затворени врати без асистенти или мобилни телефони. Дипломатски извори изјавија дека Меркел била запрепастена со […]

Нови рочишта за „Тортура“ и „Титаник“ на СЈО


Во Кривичниот суд во Скопје денеска се закажани нови рочишта за „Тортура“ и „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. Предметот „Тортура“ на СЈО се однесува за начинот на апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година и се наоѓа во доказна постапка. Во „Тортура“ заедно со Сашо Мијалков се обвинети и поранешниот прв човек на единицата „Алфи” […]

Европската комисија ќе го објави извештајот за Северна Македонија


Белгија- Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини, денеска во Европскиот парламент и во ЕК ќе ги презентираат најновите стратегии за проширувањето на ЕУ. Нашата држава очекува повторно да добие зелено светло од Комисијата за датум за почеток на преговори со ЕУ, датум кој потоа треба да биде одобрен […]

Заев и Сугарески на отворањето на автопатот Приштина – Скопје


Косово – Претседателот на македонската Влада Зоран Заев, заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, ќе присуствува денеска на свеченоста по повод пуштањето во употреба на последната делница од автопатот „Арбен Џафери“, кој го поврзува главниот град на Косово со границата со Република Северна Македонија. Градежните работи на изградбата на косовскиот дел од автопатот Приштина […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Размислувате како да си го вратите авторитетот и како да се издигнете над сегашните услови и нивната слабост: од вас се бара иницијатива во име на некоја јавна служба, со која што ќе ги исполните дамнешните амбиции. Размислете зрело потпирајќи се на својата храбра природа и ќе ги надминете сите дилеми: нека ве води […]

Бр. 421


Ерол Ризаов – Заев во опасна трка со времето Косово и Србија на раб на “експлозија” Беља пак направи белја Кого ќе избере Заев за прв разузнавач? Монополот падна, цените на бензините не Високото образование пред распаѓање

ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи одземање на мандатот на Груевски


Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги охрабри пратениците од оваа партија да гласаат за одземање на пратеничкиот мандат на поранешниот премиер и долгогодишен лидер на партијата Никола Груевски, доколку оценат дека се исполнети законските услови за тоа. Со оглед на тоа што за одземање мандат на пратеник е потребно двотретинско мнозинство, сега се реални шансите […]

Претрес во канцелариите на „Порше“ поради сомневање за корупција


Канцеларијата на јавниот обвинител во Штутгарт соопшти дека се претресени канцелариите на производителот на спортски автомобили „Порше“, поради сомневање за подмитување ревизори заради добивање даночни информации. Обвинителите се сомневаат дека „службеник од Канцеларијата за ревизија на деловни објекти во Штутгарт му откривал доверливи информации на даночниот советник на компанијата „Порше“ и прифатил надомест во замена, […]

ДЗС: Од 1 до 10 јуни се очекуваат поројни дождови, надлежните да се подготват


Од 1 до 10 јуни се очекуваат поинтезивни врнежи од дожд, а во попладневните часови може да бидат поројни, соопшти вечерва Дирекцијата за заштита и спасување повикувајќи се на известување на Weather4all.mk. Според најавите, велат од ДЗС, се очекува за кратко време да наврнат од 5-10л/м2, а за десет дена се очекуваат над 100л/м2 воден талог. […]

Српскиот Парламент го усвои извештајот на Вучиќ за Косово


Српските пратеници денеска го усвоија извештајот за Косово, поднесен од претседателот на Србија Александар Вучиќ. За предлогот гласаа 145 пратеници, четворица беа против, а 13 не гласаа. Дел од опозициските пратеници го бојкотираа извештајот на Вучиќ. Српскиот претседател, вчера, при поднесувањето на извештајот во Собранието, посочи дека доколку не се постигне компромисно решение „ќе има […]

Ѕанакопулос: Актуелната влада ќе ја одведе земјата на парламентарни избори на 7 јули


Одлуката на Премиерот е парламентарните избори да се одржат на 7 јули поради испитите од државната матура кои завршуваат на 2 јули, рече министерот без ресор на Грција и владин портпарол Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчката телевизија „Алфа“, потврдувајќи ги информациите од утрово за кои веќе објави МИА. – Навистина, одлуката на Премиерот е […]