Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Размислувате како да си го вратите авторитетот и како да се издигнете над сегашните услови и нивната слабост: од вас се бара иницијатива во име на некоја јавна служба, со која што ќе ги исполните дамнешните амбиции. Размислете зрело потпирајќи се на својата храбра природа и ќе ги надминете сите дилеми: нека ве води интуицијата!

БИК: Денес треба симболично да ја покажете својата лојалност кај некои членови од висок ранг и да направите здраворазумски договори со долготраен карактер: нешто завршува и нешто сосема ново ќе започне во многу краток рок. Ако до сега се соочувавте со блокада, знајте дека пред вас се нови можности за кои што не сте ни свесни. Верувајте повеќе.

БЛИЗНАЦИ: На иницијатива на некој пријател или роднина, би можеле да дојдете до некоја значителна сума на пари: можеби нема да ја вратите саканата слава и сјај, но немојте да жалите за тоа, туку погледнете околу себе, барајќи ја убавината во она што сѐуште го имате. Бирајте добро како ќе се изразувате, особено со вашите партнери од далечните земји.

РАК: Ќе го вложите сиот свој напор како би ги постигнале саканите цели: тука се и вашите пријатели и роднини, кои што даваат сѐ од себе да дојдете до благосостојба и добро здравје. Ако сметате дека некој ви работи зад грб, нема да си направите добро: работите се одвиваат по сопствено темпо, а за сега тоа е бавно. Почекајте уште малку.

ЛАВ: Среде сите потешкотии успевате да се издигнете: духовно силни и полни со креативни солуции, може да се потпрете на пријателите кои што ќе ве израдуваат со прекрасни сугестии. Така ќе успеете да опстанете во овој турбулентен период и да ја одржите својата чест: средба со страсна личност, која ќе ве поткрепи со добра идеја.

ДЕВИЦА: Неочекувана средба со некоја искрена и чувствителна личност: дали добро ги разбирате пораките кои што пристигнуваат во вашиот правец? Убави изненадувања и информации, со кои што ќе може да ја вратите својата чест и да напредувате кон саканите цели. Финансиска поддршка од страна на влијателни луѓе и легални договори. Добра кондиција.

ВАГА: Доколку чекавте работите да добијат побрза динамика, денес ќе се израдувате бидејќи конечно доаѓате до интересни пропозиции од страна на интимните или професионалните партнери: поддржани од страна на убави аспекти, ќе бидете мудри при секоја започната активност и ќе знаете кога да премолчите некој збор. Потпрете се на своите ресурси.

СКОРПИЈА: При постигнувањето на успех во партнерските односи, се здобивате со неверојатна мудрост и логика: одеднаш ја надраснувате својата природа и подготвени сте да инвестирате во вредни проекти, кои ќе бараат дополнителен ангажман. Подобро е самите да ја превземете оваа улога, отколку да им ја наметнете на другите. Постојаност.

СТРЕЛЕЦ: Денес е добро да превземете екстра должности, покажувајќи се како учител, советник или ментор во некоја структуирана средина: понудете го своето знаење при откривањето на фундаменталните вистини и принципи. Вашите мотиви и инспирација можат да останат тајна, со умерен и грижлив пристап кон инволвираните. Константно трпение.

ЈАРЕЦ: Се навраќате на некои стари начини на работа, но и забава, слушајќи ги оние со попрактична природа од својата. Зарем има такви, можеби се прашувате, но ако се потпрете на фантазијата, ќе открете дека во вашиот круг на пријатели постои човек, чија имагинација е со брзина на светлината: јасни совети околу чувствителните теми. Грижа за повозрасните.

ВОДОЛИЈА: Зад вас се непријатни искуства и можеби си мислите дека не може да биде полошо од ова, но дали навистина е така пријатели? Месечината во Овен отвора нови можности за да дојдете до саканата благосостојба. Сѐ што треба да направите е да бидете поотворени и да ја споеделите својата среќа со другите: нема смисла да уживате самите во неа.

РИБИ: Крајно време е да се запрашате каде грешите: иако се чини дека сте блиску до финиш линијата, другите ви опонираат во плановите и неминовно е да се чувствувате повредени. Можни се ангажмани вон вашите капацитети, кои може да се покажат како непродуктивни: добро бирајте во каква битка ќе се вклучите и со какво друштво се дружите. Континуитет.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]