Премиерот Заев на 8. Самит на земјите од Централна и Источна Европа и Кина од Процесот 16+1


Премиерот Зоран Заев заедно со владина делегација ќе учествува на 8. Самит на шефови на влади на земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина од Процесот 16+1, кој денеска и утре ќе се одржи во Дубровник, Република Хрватска. Во рамки на овој самит премиерот Заев ќе присуствува на отворањето на Економски и […]

Албанија го сели коцкањето во Црна Гора


Во Управата за игри на среќа на Црна Гора пристигнале две барања за приредување на овие игри откако во таа земја беше забрането коцкањето. „Кај Управата за игри на среќа во постапка се две барања за добивање концесија, чии основачи и извршни директори се со албанско државјанство со живеалиште во Албанија“, рече Мирко Рајковиќ, самостоен […]

Спречен обид за насилен влез во касарната „Гоце Делчев“, едно лице рането


Војникот што бил на стража, постапувајќи според пропишаните процедури и постапки, рано изутрината во 2.53 часот спречил обид за насилен влез во кругот на касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, информира Министерството за одбрана. Војникот повеќе пати вербално го предупредил лицето, но откако се оглушило на предупредувањата, стражарот испукал два предупредувачки истрела во воздух. -Лицето и […]

(Видео) „Циклонска бомба“ го погоди Колорадо, повикана и Националната гарда


  Снежна бура зафати поголемо подрачје на сојузната американска држава Колорадо, од Карпестите планини до Големата рамнина, поради што гувернерот ја активира Националната гарда. Американската метеоролошка служба предупреди дека снежната бура, следена со силни удари на ветар од Колорадо до Минесота и претставува ризик по животите на жителите, пренесе „Ројтерс“. Бурата е квалификувана како „циклонска […]

Ќе се слеат ли „туѓи“ гласови на контата на Пендаровски и Силјановска?


Мошне хипотетичко е прашањето зад чија претседателска кандидатура ќе застанеше Борис Трајковски да беше жив: дали зад таа на неговиот советник во кабинетот Стево Пендаровски или на Гордана Силјановска-Давкова, со оглед на тоа што е кандидатка на партијата на која ѝ припаѓаше вториот македонски претседател. Сепак, Трајковски, при извршувањето на претседателската функција во повеќе наврати […]

Хаос во Судан: Извршен воен пуч, претседателот уапсен?


Суданската војска го симна претседателот Омар Ал-Башир, го уапси и ја отпушти владата. Ројтерс наведува дека Башир поднел оставка и дека во тек се косултации. Либанската телевизија „Мајадин“ соопшти, повикувајќи се на свои извори, дека оружените сили на Судан одлучиле да го симнат од власт претседателот Башир и да ја распуштат владата, пренесе „Спутник“. Весникот […]

Бугарите нема да се „гостат“ со македонско јагнешко за Велигден


Бугарските тур-оператори масовно ги откажуваат еднодневните екскурзии до земјава поради строгата забрана за увоз на месо. Велат дека не сакаат да си имаат проблеми со граничните власти кои ги зајакнале контролите пред велигденските празници. Како што пренесува бугарски „Монитор“, забраната за увоз на македонско месо во Бугарија не е од вчера, но контролите се интензивирани […]

Проектот за јавно-приватно здравство ја чека физибилити-студијата


Сè уште не е утврдено кои области и кои оддели во јавните здравствени установи се најкритични од аспект на немањето кадар, опрема и инфраструктура, за да бидат приоритетни во применувањето на моделот за јавно-приватно партнерство. Според првиот човек на ресорот здравство, министерот Венко Филипче, на сето тоа ќе одговори физибилити-студијата со која ќе се направи […]

Солскјер: Многу нервозно го почнавме натпреварот


Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер за натпреварот против Барселона (0:1) во четврт-финалето на Лигата на шампионите оцени дека неговите избраници имаа лош почеток. – Многу нервозно го започнавме натпреварот, не се изборивме за поголем посед на топката и не вршевме доволно притисок на противничките играчи. По примениот гол, игравме подобро, иако резултатот е […]

Приведени над 90 лица во голема полициска акција во Атина


Грчката полиција рано утрово започна голема полициска акција во објекти под опсада во атинската населба Ексархија, а до 9 часот по локално време (8 часот по средноевропско време) биле приведени над 90 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Во објектите под опсада, неофицијално, имало лица поврзани со трговија со дрога. Ексархија, што се наоѓа […]

Николина Андова-Шопова: Пресреќна сум што имам роман на годината!


Николина Андова-Шопова синоќа во КИЦ ја прими наградата „Роман на годината“ за 2018 на Фондацијата „Славко Јаневски“ за романот „Некој бил тука“, во издание на „Темплум“. -Одамна размислував да напишам приказна за човек кој е заробен и зависен од просторот во кој се рефлектира неговото минато, детство, стравови, сомнежи… Но секако, ова е само еден […]

Тевдовски: Очекуваме растот на странските директни инвестиции да се удвои на пет отсто од БДП


Се очекува растот на странските директни инвестиции да се искачи на над пет отсто од БДП, одржливо ниво, во периодот по пристапување во НАТО. Ова е двојно повеќе од просечната стапка на раст на странски директни инвестиции во Република Северна Македонија во изминатите пет години. За нашата земја ова ќе значи поголема вработеност, подобро платени […]

Коле Ангеловски напиша книга за работниот век во Драмски театар


Актерот, сценарист и режисер Коле Ангеловски објави автобиографска книга за 50-те години кои работно ги поминал во Драмски театар-Скопје. Насловена е  „Педесет години во Драмски…и клоцата во…“, а воедно, како што наведуваат рецензентите Сашо Тасевски и Свето Стаменов,  книгата е и искрена приказна за самиот театар, за луѓето во него и со кои работел, за […]

Кацарска: Првото поглавје од преговорите не се отвара веднаш по одлуката на ЕУ


Белгија– Директорката на Институтот за европска политика, ЕПИ, Симонида Кацарска, во разговорот се осврнува на изјавите на комесарот Хан за “подготвителната“ фаза на преговори, но и на капацитетот на македонската администрација да се сноси со преговарачкиот процес. Изјавата на европскиот комесар за проширување, Јоханес Хан, дека Европската Комисија ќе предложи отворање на “подготвителна“ фаза на […]

Принц Чарлс и Камила: Прославивме 14 години брак


Англија– Принцот Чарлс (70) и Камила (71), војвотката од Корнвол прославија 14 години брак со нови портрети, потпишани од славниот фотограф Алекс Лубомирски кој ја сликаше свадбата на Хари и Меган, и објавени на социјалните мрежи. Двојката која се венча на 9 април во 2005 година во капелата „Св. Џорџ“ во Виндзор, на денот на […]

Фуере: Разочарувачки е што ЕК попушта пред противниците на проширувањето


Белгија– Поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере, вели дека е разочаран од компромисите што Европската Комисија ги прави со земјите противници на проширувањето и предупредува дека преговорите со земјава се тест за кредибилитетот на ЕУ. Фуере смета дека изјавата на Хан за подготвителната фаза на преговори, која беше насочена кон скептиците на проширувањето, […]

Турски инвеститор сака да гради десет ветерници во Демир Капија и Гевгелија


Турски инвеститор е заинтересиран да гради десет ветерници во Демир Капија и Гевгелија, компанијата испратила известување за намера да инвестира во искористување на енергијата од ветерот во овој дел на државата, до Министерството за животна средина и просторно планирање, Управа за животна средина. Седум од ветерниците се планирани да бидат во Демир Капија, а остатокот […]

Сауна, џакузи и базен: Балашевиќ купи луксузна вила во Истра


Новосадскиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ (65) неодамна купи вила во близина на Умаг во Истра. Таму тој не е сам бидејќи околу неговата вила се уредуваат уште осум идентични други зданија за идните богати сопственици. Секоја луксузна вила има малку повеќе од 200 квадратни метри и има голем двор со паркинг и гаража за два автомобили. […]

Помилувањето за „27 април“ од Иванов не би можело да има правно дејство


И поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски смета дека помилување на осудените во настаните од „27 април“ од страна на претседателот на државата во моментов не би можело да има правно дејство, бидејќи нема член врз основа на кој тоа би било правно засновано. – Член 11 од Законот за помилување на кој некој […]

Димитров на состанок на министрите за надворешни работи во рамки на Берлински процес


Полска – Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во наредните два дена ќе учествува на подготовителниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите учеснички во Берлинскиот процес, кој се одржува во Варшава. Состанокот е предвиден како подготовка на шестиот Самит на Берлинскиот процес, кој оваа година се ќе одржи на 5-ти јули во Познан, а целта е  […]