Спречен обид за насилен влез во касарната „Гоце Делчев“, едно лице рането

Илустрација
Илустрација

Војникот што бил на стража, постапувајќи според пропишаните процедури и постапки, рано изутрината во 2.53 часот спречил обид за насилен влез во кругот на касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, информира Министерството за одбрана.

Војникот повеќе пати вербално го предупредил лицето, но откако се оглушило на предупредувањата, стражарот испукал два предупредувачки истрела во воздух.

-Лицето и понатаму се оглушувало на предупредувањата при што со еден од истрелите бил погоден во петицата на десната нога. Согласно процедурите му била пружена прва помош и бил транспортиран во болница. Веднаш се известени надлежните истражни органи, соопшти Министерството за одбрана.

Воена полиција, МВР и јавен обвинител излегле на местото на настанот. Сите релевантни информации и докази за настанот се предадени на надлежните органи кои работат на расчистување на случајот.