Албанија го сели коцкањето во Црна Гора


Во Управата за игри на среќа на Црна Гора пристигнале две барања за приредување на овие игри откако во таа земја беше забрането коцкањето.
„Кај Управата за игри на среќа во постапка се две барања за добивање концесија, чии основачи и извршни директори се со албанско државјанство со живеалиште во Албанија“, рече Мирко Рајковиќ, самостоен советник во Управата за игри на среќа.
Во Албанија од 2 јануари годинава стапи на сила Законот за забрана на коцкање, по што беа затворени 4.300 обложувалници. Коцкањето во оваа земја е дозволено само во хотели со пет ѕвезди и тоа надвор од урбани подрачја.