Незадоволство или здравствени причини – Судија поротник поднесе оставка за 27 април


Пензионираниот генерал Зоран Јовановски-Челик, кој беше дел од судечкиот совет за случајот за 27 април, поднел оставка и веќе нема да биде судија поротник. Иако официјално поранешниот генерал се откажал од функцијата поради здравствени причини, според неофицијални информации, незадоволството на Јовановски почнало по донесувањето на Законот за амнестија со кој се спасија политичарите, а неговите […]

Вуцис: Договорот од Преспа дава динамика и очекувања за другите земји од регионот


На конференцијата на претседателите на парламентите од земјите членки на ЕУ беше изразен ставот дека она што се случува на Балканот, а во кое помогна Договорот од Преспа, кој дава динамика и очекувања за другите земји од регионот, е во корист на цела Европа, вели претседателот на Парламентот на Грција, Никос Вуцис во интервјуто за […]

Укината забраната за движење во шуми и шумски подрачја


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на Јавното претпријатие „Национални шуми” ја укинува забраната за движење во шуми донесена на 29.03.2019 година. Имено, Одлуката за делумна забрана за движење во шума беше донесена поради појавата на голем број шумски пожари, а се укинува поради тоа што во моментов согласно добиените информации од терен, […]

Siljanovska: I will be President for only one term


Parliament will vote on the entire prime minister’s team, not just ministers one by one. The Parliament and the government will come and go together, in the second round of presidential elections there will be no turnout census, the public offices remain open for (in) direct contact with the citizens, reporters will be invited to […]

Градоначалникот Шилегов назначен за претседател на НАЛАС


Градоначалникот Петре Шилегов денеска беше назначен за претседател на Мрежата на здруженија на локалните власти од Југоисточна Европа (НАЛАС), на Генералното собрание на оваа значајна организација што се одржа во Скопје. Четиринаесеттото генерално собрание на НАЛАС, што денеска се одржува во Скопје и во Велес обедини повеќе од 70 градоначалници, експерти од областа на локалната […]

Голема еко-акција в сабота во Карпош


Голема еко-акција ќе се одржи задутре во 10 часот во Општина Карпош, најави денеска градоначалникот Стефан Богоев. Тој ги повика сите граѓани, невладини организации, граѓански здруженија, приватни и општествено одговорни компании и институции што се наоѓаат на територија на Општина Карпош да се приклучат на акцијата. – Еколошката акција ќе се одржи на повеќе пунктови […]

Зелена Лупа: Чавков не смее да биде аболициран бидејќи донирал за кампањата на Иванов


Евентуалното амнестирање или аболицирање на Митко Чавков од страна на претседателот Ѓорге Иванов, само по себе е „директен конфликт на интереси“, што е спротивно на позитивните законски прописи во државата, посочува претседателот на Здружението Зелена Лупа, Ване Цветанов. Овој став произлегува од информацијата на Зелена Лупа дека за потребите на изборната кампања во 2014 година, Чавков лично […]

Општествено одговорни компании хортикултурно ќе уредуваат делови од Општина Центар


Општина Центар започна проект за уредување на паркови и други јавни површини што се спроведува заедно со општествено одговорни компании. Проектот ќе почне викендов со уредување на површината пред кулата на главниот влез на Зелен пазар, со донација од компанијата „Рептил маркети“, чие барање е усвоено на последната седница на Советот на општината. Ќе се […]

Шведска високо ја вреднува работата на СЈО


Амбасадорот на Шведска во Македонија, Матс Стафансон имаше средба со Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, на која пренесе дека шведската влада високо ја вреднува работата на Специјалниот јавен обвинител и нагласи дека продолжувањето на досегашните истраги, обвиненија и случаи треба да биде обезбедено. „Шведска и другите земји членки на Европската унија одблиску ги следат преземените […]

Можностите за инвестиции и протоколот за НАТО, тема на средбите на министерот Хасан во Турција


Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан беше во работна посета на Турција каде што оствари средби со министерите за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, за трговија Рухсар Пехџан и со министерот за индустрија и технологија, Мустафа Варанк. Како што соопштија од неговиот кабинет, на средбите се разговараше за актуелните политички и општествени случувања […]

Русија го усвои спорниот закон за ограничување на интернетот


Руските законодавци на четврто читање го одобрија спорниот предлог-закон, кој ќе и овозможи на Москва да го запре интернет сообраќајот во земјата за странски сервери. Со 320 гласови „за“ и 15 „против“ Думата го усвои предложениот закон, кој ќе стапи во сила на 1 ноември. Руската Влада оцени дека со таквото законско решение ќе биде […]

(Видео) Британската полиција го уапси Асанж


Британската полиција денеска соопшти дека го уапсила основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. Како што јави ДПА, Асанж бил уапсен откако ја напуштил зградата на Еквадорската амбасада во Лондон, каде престојуваше изминативе седум години. „Џулијан Асанж, 47, денеска, четврток 11 април, е уапсен од офицери на Метрополитен полицијата во Амбасадата на Еквадор“, велат од полицијата. Од […]

Од старлета до адвокат: Ким Кардашијан се разбуди во „Вог“


САД-ТВ-ѕвездата и модна икона Ким Кардашијан-Вест во интервјуто за американскиот „Вог“ откри дека студира за да стане адвокат по кривично право и дека во 2022 година планира да го полага правосудниот испит. Таа минатото лето го почнала четиригодишното стажирање во правна фирма од Лос Анџелес . Кардашијан се заинтересирала за правните науки откако се обрати […]

Гунарсон се жали од Стоилов: Нивниот пикер од 140 килограми е невозможно да се чува


Македонската ракометна репрезентација дојде до огромна победа на гостувањето во Рејкјавик кај Исланд со 33:34 и дојде на чекор од освојување на првото место во групата, што се чинеше како невозможна мисија по шокантниот пораз од Грција во квалификациите. Одново фантастична и борбена игра во македонскиот дрес прикажа Столе Стоилов кој постигна четири погодоци во […]

Вајгл: Нема сериозна причина да не почнат преговорите со Македонија


Словенечкиот европратеник во заминување и известувач за Македонија во Европскиот Парламент, Иво Вајгл, во интервју за МИА говори за македонската успешна приказна во Европа, за Преспанскиот договор и проширувањето, за СЈО, претседателските избори и опасноста од бојкот…. Но, Вајгл говори и за иднината на Европа и за тенденциите на орбанизација, салвинизација или елепнизација на европскиот […]

Се продлабочува соработката со Бугарија во заштитата на животната средина


Република Северна Македонија и Република Бугарија ќе ја продлабочуваат соработката во областа на животната средина и заштита на водите. Денеска во Софија е потпишан Договор меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија и Министерството за животна средина и води на Република Бугарија на средба меѓу ресорните министри Садула Дураки и […]

На Тоше не му е место на стадион


Сашко Ѓ. Димовски Познати сме по несреќни избори за постхумно оддавање чест на заслужни граѓани со нивно именување на јавни објекти. Ликот и делото, по некое непишано правило или логика, треба да има релација со функцијата на установата или нејзината намена. Но, малку се води сметка за тоа од разноразни „свиркачи“ и кумови. И претходната […]

Макрон: Постигнавме најдобар можен компромис за Брегзит


Францускиот претседател Емануел Макрон го поздрави договорот за пролонгирање на Брегзит до 31 октомври и оцени дека е постигнат најдобриот можен компромис. Рокот утврден на 31 октомври не заштитува бидејќи во прашање е клучен датум, пред воспоставување на новата Европска комисија, истакна Макрон по вчерашниот вонреден самит на ЕУ, на кој се одлучи за ново […]

Доставувачите штрајкуваат во Солун и Атина, наместо доставување храна, нудат рецепт за тестенини


Доставувачите на храна и брза пошта, како и надворешните соработници на компаниите задолжени за дистрибуција со мотоцикли во Грција, од утрово започнаа 24-часовен штрајк, поради што Солун и Атина денеска се без служби за достава. Како што јави дописничката на МИА од Атина, вработените во конкретната област бараат службени мотоцикли и опрема за лична заштита, […]