Општествено одговорни компании хортикултурно ќе уредуваат делови од Општина Центар


Општина Центар започна проект за уредување на паркови и други јавни површини што се спроведува заедно со општествено одговорни компании.

Проектот ќе почне викендов со уредување на површината пред кулата на главниот влез на Зелен пазар, со донација од компанијата „Рептил маркети“, чие барање е усвоено на последната седница на Советот на општината.
Ќе се изврши ревитализација на постоечко и засадување ново зеленило, 245 м2 комплетно нова тревна површина и 100 м2 нова пристапна патека, со што хортикултурно целосно ќе се уреди овој простор.
Во наредниот период општината ќе достави барања до компаниите што опстојуваат на територијата на Општина Центар за уредување на просторот, пред сé, околу нивните објекти, но и до други компании што сакаат да дадат свој придонес во уредување и разубавување на центарот на градот.