Заев и Мицкоски очи во очи утре во 20 часот во Владата


Премиерот и лидер на СДСМ информира дека утревечер во 20 часот во Владата на Република Северна Македонија ќе оствари средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Претстојните претседателски избори, реформските закони и се што е во интерес на државата, како што рече Заев, ќе бидат теми на утрешната средба. „Ќе почекам утре да видам кои […]

Социјалдемократките маршираа под слоганот „Еднакви! Можеме!“


„Еднакви! Можеме!“ беше слоган на традиционалниот марш што се одржа денеска по повод Меѓународниот ден на жената во организација на Форумот на жени на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Маршот, што почна пред зградата на ЕУ инфо центарот и продолжи низ улиците во центарот на Скопје, се заокружи со собир во Градскиот парк. „Жената не го […]

Шлаканица од ЕУ за САД: Американците со визи во Шенген зоната од 2021 година


Државјаните на САД од 2021 година ќе мора да вадат визи за земјите од Шенген зоната, се наведува во денешното соопштение на Европската унија (ЕУ). Врз основа на новиот Европски систем за информации и одобрување на патувања ЕТИАС, документот ќе биде неопходен за Американците за влез во било која од земјите потписнички на Шенгенскиот договор. […]

Ќе си простат ли Заев и Мицковски?


Лидерите на двете најголеми партии – владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, ќе се сретнат в недела, како што потврдија и двајцата деновиве. Тоа ќе биде нивна прва средба по речиси осум месеци, кои поминаа во знак на изразено ривалство меѓу двете партии во однос на клучните политички процеси што се […]

АМСМ со апел: Автопатот Миладиновци-Штип сè уште не е за сообраќај


Автопатот Миладиновци–Штип, секција Миладиновци–Кадрифаково и Кадрифаково–Миладиновци сè уште не е пуштен за сообраќај. Моментно се вршат проверки од безбедносен карактер, соопшти денеска Автомото Сојузот на Македонија (АМСМ) и упати апел до сите возачи да не ја користат делницата. Министерот за транспорт Горан Сугарески вчера исто така апелираше да не се користи автопатот. Овие денови се […]

Пентагон до Турција: Земете „Патриот“ од нас, не С-400 од Русија


Пентагон се закани на Турција со „технички последици“ во случај да се реализира купувањето на рускиот противракетен систем С-400, пишува американскиот весник „Хил“. Портпаролот на Пентагон, Чарлс Самерс изјави дека тоа многу лошо ќе се одрази на целокупната воена соработка меѓу САД и Турција. Турција, која е членка на НАТО, планира да купи руски ракетен […]

Марсело демантира дека ќе замине од Реал: Тука е мојата куќа


Бекот на Реал Мадрид, Марсело ги негираше информациите за трансфер во Јувентус. Италијанска „Ла Стампа“ објави дека Бразилецот ќе потпише договор со “старата дама“ на четири години за плата од 12 милиони евра по сезона. Марсело го искористи својот профил на социјалната мрежа Инстаграм за да го демантира весникот. Бразилецот напиша: „Тука е мојата куќа!“.

Пукање во болница во Прага, двајца пациенти повредени


Двајца пациенти се ранети при инцидент со пукање во една болница во Прага, соопшти чешката полиција. Инцидентот се случил Универзитетската клиника Винохради. Во соопштението се наведува дека еден од пациентите почнал да пука во болницата синоќа пред полноќ. Напаѓачот бил сместен во иста соба со двајцата повредени пациенти од кои еден е во тешка состојба. Истрагата […]

Весна Бејби-Петрушевска за „Независен“: Бегам од брак, но не од љубов


Весна Бејби-Петрушевска (48), актерка, омилен лик од македонската естрада која сите ги сака и ги гушка. Спонтана, директна, без влакна на јазикот, ќе ти каже сè во лице, но ако треба и ќе те утеши со зборовите: Маме, сè ќе биде во ред. На 13 март, на матичната сцена во Македонскиот народен театар, нè кани […]

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на С. Македонија со ББ- и стабилен изглед


Aгенцијата „Стандард енд пурс“  (“Standard and Poor’s”) соопшти дека го потврдува кредитниот рејтинг на Северна Македонија со ББ- и со стабилен изглед. Според извештајот, решавањето на спорот со името е круцијален позитивен чекор и ги отвора вратите за членство во НАТО и почеток на преговорите за членство во ЕУ во текот на 2019 година, што […]

Викенд со пролетни температури, од понеделник дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност и со слаб ветар од западен и југозападен правец. Утринската температура ќе се движи од два до седум, а дневната од 14 до 24 степени. Во Скопје слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветар од западен и југозападен […]

Сашо Мијалков доби три години затвор и беше однесен во притвор


Додека јавноста очекуваше, по бизнисменот Орце Камчев, на слобода да биде пуштен и поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, тој заврши во притвор во Шутка и со пресуда од три години затвор за случајот „Титаник 2“, за изборните местења на локалните избори во 2013 година, во Струмица, кога кандидат за градоначалник беше сегашниот премиер, […]

Кирил и Билјана Ахтарови избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал


Брачниот пар Кирил и Билјана Ахтарови од Струмица се избрани за принц и принцеза на синоќешниот традиционален маскенбал што се одржа во хотелот „Сириус“. Тие вечер заедно со кралот и неговата свита ќе ја предводат поворката на Интернационалната карневалска вечер. „Ни претставува чест и привилегија да го предводиме интернационалното карневалско дефиле. По вторпат од нашата […]

Раниери: Рома е во мојата ДНК


Клаудио Раниери се врати на чело на Рома по осум години откако доби отказ од клубот. Тој го замени Еузебио ди Франческо и веќе го одржа првиот тренинг со тимот. По него, Раниери ги повика фановите за поддршка и изрази уверување дека „џалоросите“ брзо ќе ја стабилизираат својата игра. „Многу ми значи што се вратив […]

ФИФА отвора работно место за Арсен Венгер


Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер (69) може да почне со работа во ФИФА. Французин добил понуда да биде одговорен за техничкиот развој на светската фудбалска централа. Венгер е во фокусот и на ПСЖ, но речиси е сигурно дека ќе ја одбие понудата на „светците“. Легендарниот тренер на „топџиите“ е без работа од минатото лето […]

Македонско-грчка средба во Кавадарци: Ќе се отвора граничен премин Пуљевац


Кожуф и Поткожувјето, како еден од најубавите делови на општина Кавадарци, да не бидат  слепа точка и крај на светот туку поврзани со Европа и Република Грција, рече кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, по македонско-грчката средба во неговиот кабинет, на која се разговараше за граничен премин во Кавадаречко. Покрај пратеници од тиквешијата, на синоќешниот состанок беше […]

„Икеа“ бара дозвола за изградба на прва продавница во Словенија


Шведската компанија за производство на мебел „Икеа“ поднесе барање до словенечкото Министерство за животна средина и просторно планирање за добивање градежна дозвола за изградба на својата прва продавница во Љубљана. Според проценките на компанијата, подготвителните работи можат да почнат ова лето, а изградбата би требало да трае околу една година. Словенечките медиуми пренесуваат дека инвестицијата […]

На полноќ завршува рокот за собирање потписи за претседателски кандидат


Вечерва на полноќ завршува рокот за собирање на потписи за кандидатите за претседател на државата. Засега сигурни во претседателската трка се Гордана Силјановска–Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река. Заедничкиот кандидат на 31 политичка партија од коалицијата предводена од СДСМ и на ДУИ, Стево Пендаровски доби поддршка од над 60 пратеници во Собранието. Пендаровски, покрај потписите од […]

Харадинај очекува скорешно решавање на проблемите меѓу Косово и Србија


Kосовскиот премиер Рамуш Харадинај, во пресрет на утрешната посета на високиот претставник на Вашингтон Дејвид Хејл во Косово, изрази уверување дека проблемите на неговата држава со Србија ќе се решат многу наскоро, јави дописникот на МИА од Приштина. Харадинај пред посетата на подсекретарот за политички прашања во американскиот Стејт департмент, Хејл, кој во Приштина ќе […]

Пожар во кривопаланечки Мезовски ливади


Седум пожарникари со две противпожарни возила попладнево го гаснеа пожарот кој избувна во месноста Мезовски ливади, во предградието на Крива Паланка. Опожарени се еден хектар обработливо земјиште, овоштарници и сува трева, а пожарот бил во близина на куќите во овој реон. Од Територијалната противпожарна единица Крива Паланка посочија  дека брзата и навремена интервенција на пожарникарите […]