Пукање во болница во Прага, двајца пациенти повредени


Двајца пациенти се ранети при инцидент со пукање во една болница во Прага, соопшти чешката полиција. Инцидентот се случил Универзитетската клиника Винохради.

Во соопштението се наведува дека еден од пациентите почнал да пука во болницата синоќа пред полноќ. Напаѓачот бил сместен во иста соба со двајцата повредени пациенти од кои еден е во тешка состојба.

Истрагата за инцидентот е во тек.