ФИФА отвора работно место за Арсен Венгер


Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер (69) може да почне со работа во ФИФА. Французин добил понуда да биде одговорен за техничкиот развој на светската фудбалска централа.

Венгер е во фокусот и на ПСЖ, но речиси е сигурно дека ќе ја одбие понудата на „светците“.

Легендарниот тренер на „топџиите“ е без работа од минатото лето кога го напушти Арсенал по повеќе од две децении на чело на тимот.