АМСМ со апел: Автопатот Миладиновци-Штип сè уште не е за сообраќај


Автопатот Миладиновци–Штип, секција Миладиновци–Кадрифаково и Кадрифаково–Миладиновци сè уште не е пуштен за сообраќај. Моментно се вршат проверки од безбедносен карактер, соопшти денеска Автомото Сојузот на Македонија (АМСМ) и упати апел до сите возачи да не ја користат делницата.

Министерот за транспорт Горан Сугарески вчера исто така апелираше да не се користи автопатот. Овие денови се вршат последните безбедносни проверки и проценки на сите елементи на автопатот. Штом се заврши со овие последни проверки автопатот ќе биде пуштен во употреба. Тоа ќе се случи наскоро, изјави Сугарески.