Премиерот Заев на оперскиот бал во Виена


Австрија- Премиерот Зоран Заев со сопругата Зорица синоќа беа дел од традиционалниот оперски бал во Виена. Тие од претседателската ложа ги следеа случувањата на подиумот на Државната опера. Заеви се на балот како гости на австрискиот канцелар Себастијан Курц. Премиерот Заев е единствениот коj Курц годинава го поканил како негов гостин на престижниот традиционален бал. …

Премиерот Заев на оперскиот бал во Виена Read More »

Нов „непријател број еден“, САД нудат милион долари


САД нудат милион долари за информација за Хамза бин Ладен, синот на убиениот водач на Ал Каеда, Осама бин ладен. BBC пренесува наводи на неименувани американски официјални лица дека Хамза бин Ладен станува нов водач на оваа екстремистичка исламска организација. Се верува дека тој се наоѓа на подрачјето во близина на авганистанско-пакистанската граница. Се наведува …

Нов „непријател број еден“, САД нудат милион долари Read More »

Владина делегација во посета на „Алкалоид“


Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за здравство Венко Филипче и министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на бизнис климата за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ денеска ќе ја посетат компанијата „Алкалоид“ АД – Скопје. Заев и владината делегација ќе има средба со директорот на „Алкалоид“ ад Скопје, Живко Мукаетов …

Владина делегација во посета на „Алкалоид“ Read More »

Летиција уште еднаш стави печат дека е најдобро облечена кралица


Кралицата Летиција и нејзиниот сопруг кралот Фелипе ги угостија перуанскиот претседател и неговата сопруга кои што стигнаа во посета на Шпанија. Покрај сите активности тие беа и на отварање на Меѓународниот саем на современа уметност. Стилот на шпанската кралица уште еднаш потврди дека ја заслужува титулата за најдобро облечен член на кралското семејство. Летиција на …

Летиција уште еднаш стави печат дека е најдобро облечена кралица Read More »

Лук Пери, Дилан од „Беверли Хилс 90210“, претрпeл мозочен удар


САД– 52-годишниот американски актер Лук Пери доживеал тежок мозочен удар по кој итно бил пренесен во болница, пренесува “TMZ”. Итната помош интервенирала во неговиот дом околу 9:40 часот наутро и го пренела во болница во критична состојба, а неговата моментална состојба засега не е позната. Лук пред неколку години открил дека лекарите му пронашле предтуморски …

Лук Пери, Дилан од „Беверли Хилс 90210“, претрпeл мозочен удар Read More »

Уапсен скијач додека зема допинг


Излегоа нови детали околу скандалот со уапсените спортисти на светското првенство во нордиски дисциплини, што се одржува во австрискиот зимски центар Зефелд. Дваесет и шест годишниот австриски натпреварувач во крос-кантри скијање, Макс Хауке бил уапсен во момент во кој зема допинг. Во моментот на одржување на акцијата, во неговото тело била внесувана свежа крв. Видеото …

Уапсен скијач додека зема допинг Read More »

Алехандро Инариту претседател на жирито на 72. Филмски фестивал во Кан


Франција- Мексиканскиот режисер Алехандро Гонзалес Инариту, добитник на два Оскара, за филмовите „Повратник“ и „Човек птица“, ќе претседава со жирито на 72.Меѓународeн филмски фестивал во Кан, кој ќе се одржи од 14 до 25 мај, објавија организаторите на една од најпрестижните филмски смотри во светот. Со изборот на педесет и петгодишниот мексикански уметник на местото …

Алехандро Инариту претседател на жирито на 72. Филмски фестивал во Кан Read More »

Договорот од Преспа една од темите на средбите на Мицотакис во Москва


Русија и Нова демократија се против Договорот од Преспа, но нивните несогласувања се различни. Грчката опозициска партија не е против членство на Скопје во НАТО, брифираат извори од Нова демократија за грчките медиуми, на крајот од посетата на Кирјакос Мицотакис на Москва, јави дописничката на МИА од Атина. -Во однос на Договорот од Преспа, и …

Договорот од Преспа една од темите на средбите на Мицотакис во Москва Read More »

Прогласена епидемија на морбили и во Куманово


Центарот за јавно здравје во Куманово вчера прогласи епидемија на морбили. Бројот на заболени од мали сипаници од почетокот на годинава изнесува петнаесет, а последнава недела заболени се три лица. Новозаболени се првоодделенче и двајца здравствени работници од детското одделение од кумановската болница. Детето престојувало во целодневен престој во кумановска градинка. „Извршен е увид во вакциналниот статус на децата во градинката и во училиштето, извршена е …

Прогласена епидемија на морбили и во Куманово Read More »

Сончево и топло


Денес времето ќе биде претежно сончево со значителен пораст на дневната температура. Во поголем дел од земјава максималните вредности ќе достигнат меѓу 15 и 20 степени. Повторно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд се очекува во сабота. Синоптичарите за март предвидуваат претежно облачно време, а температурата највисоко се очекува да се искачи …

Сончево и топло Read More »

СДСМ и ДУИ ќе го откријат кандидатот, ќе има ли нов професорски дуел?


Првиот „консензуален кандидат“ за претседател на Македонија ќе биде познат денеска, кога се очекува лидерите на владејачките СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, да го соопштат името на личноста која на изборите на 21 април ќе ги измери силите со професорката Гордана Силјановска-Давкова – кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ. Според информациите, еден ден по помирувачката …

СДСМ и ДУИ ќе го откријат кандидатот, ќе има ли нов професорски дуел? Read More »

Делегација на ЕП ќе го оценува напредокот на Северна Македонија


Делегација на Европскиот парламент престојува во Скопје за да го оцени напредокот на земјата во европските реформи, како и подготвеноста за можни пристапни преговори. Седум претставници од Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) предводени од естонскиот европратеник Туне Келам, ќе се сретнат со политичкото водство, опозицијата и претставниците на граѓанското општество. Како што …

Делегација на ЕП ќе го оценува напредокот на Северна Македонија Read More »

Димитров на економскиот форум во Делфи, Грција


Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, денеска и утре ќе учествува на 4. „Делфи економски форум“, кој оваа година се одржува од 28 февруари до 3 март во истоимениот град во Грција. Како што соопшти МНР, на покана на основачот и претседател на Delphi Economic Forum, а под покровителство на претседателот …

Димитров на економскиот форум во Делфи, Грција Read More »

„Турандот“ на Пучини во МОБ


Операта „Турандот“, епската кинеска бајка на Џакомо Пучини во режија на Џанкарло дел Монако,  вечер од 20 часот е повторно на сцената на Македонската опера и балет. Во насловната улога е сопранистката Весна Ѓиновска-Илкова, а во солистичката екипа се и: Ѓорѓи Цуцковски, Сандра Митровска, Владимир Саздовски, Момчил Караиванов од Бугарија, Кристијан Антовски, Дејан Стоев, Диме …

„Турандот“ на Пучини во МОБ Read More »

Продолжува судењето за „Монструм“


Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година. Случајот го води судијата Огнен Ставрев и се наоѓа во доказна постапка. На минатото рочиште беа презентирани докази обезбедени со посебни истражни мерки, но јавноста беше искучена. Случајот „Монструм“ во февруари минатата година почна од почеток, откако …

Продолжува судењето за „Монструм“ Read More »

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Пред вас е ново животно поглавје и без оглед дали сте свесни или не, сега треба да заминете и да оставите сè што повеќе не ѝ служи на вашата кауза. Планетите во Јарец ви носат средба со некоја лојална и важна личност: добивате инструкции, учите и напредувате. Добро го разбирате внатрешниот глас и се усогласувате …

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес Read More »

Српската РТС ја утна работата за претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ


Српскиот јавен радиодифузен сервис РТС вчеравечер на својата веб-страница објави вест за вчерашниот разговор на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на кој се договориле двата партнера од владејачката коалиција на претседателските избори на 21 април да излезат со заеднички кандидат. Оваа информација на РТС ја презедоа повеќе портали без проверка. Пренесувајќи …

Српската РТС ја утна работата за претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Read More »