Лук Пери, Дилан од „Беверли Хилс 90210“, претрпeл мозочен удар


САД– 52-годишниот американски актер Лук Пери доживеал тежок мозочен удар по кој итно бил пренесен во болница, пренесува “TMZ”.

Итната помош интервенирала во неговиот дом околу 9:40 часот наутро и го пренела во болница во критична состојба, а неговата моментална состојба засега не е позната.

Лук пред неколку години открил дека лекарите му пронашле предтуморски израстоци во дебелото црево. Откако бил успешно опериран, излегол во јавноста за да ги поттикне и другите луѓе редовно да се прегледуваат бидејќи тоа може да им го спаси животот.