Српската РТС ја утна работата за претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ


Српскиот јавен радиодифузен сервис РТС вчеравечер на својата веб-страница објави вест за вчерашниот разговор на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на кој се договориле двата партнера од владејачката коалиција на претседателските избори на 21 април да излезат со заеднички кандидат.

Оваа информација на РТС ја презедоа повеќе портали без проверка.

Пренесувајќи што пишуваат македонските медиуми за можниот кандидат, РТС прави обид да објасни што се случува со опозицијата, па пишува и дека се очекува деновиве ВМРО-ДПМНЕ да го објави името на својот претседателски кандидат – и со тоа прави огромна грешка. Имено, најголемата опозициска партија веќе го избра својот кандидат  – на 16 февруари, на конвенцијата во Струга, кога беше избрана универзитетската професорка Гордана Силјановска – Давкова.

(META)