Алехандро Инариту претседател на жирито на 72. Филмски фестивал во Кан


Франција- Мексиканскиот режисер Алехандро Гонзалес Инариту, добитник на два Оскара, за филмовите „Повратник“ и „Човек птица“, ќе претседава со жирито на 72.Меѓународeн филмски фестивал во Кан, кој ќе се одржи од 14 до 25 мај, објавија организаторите на една од најпрестижните филмски смотри во светот.

Со изборот на педесет и петгодишниот мексикански уметник на местото претседавач со жирито, Фестивалот ќе ја „слави целокупната мексиканска кинематографија“, и во прв план ќе го стави режисерот кој со помош на виртуелната стварноста на гледачите им овозможи да го спознаат пеколот низ кој минуваат мигрантите во филмот „Месо и песок“. За овој филм во 2018 година Инариту го освои Оскарот во категоријата особени постигнувања.

Минатата година претседателка на жирито беше актерката Кејт Бланшет, која играше во неговиот филма „Бабел“ од 2006 година. Инариту тогаш ја освои Златната палма за најдобар режисер. Златанта палма минатата година му припадна на јапонскиот режесер Хироказу Коре-ед за филмот „Крадци“(Shoplifters).

„Од почетокот на кариерата, Филмскиот фестивал во Кан, ми беше извонредно значаен. Почестен сум и одушевен што се вратив и оваа година. Неизмерно сум горд што ќе претседавам со жирито. Киното тече низ вените на нашата планета, а овој фестивал е како нејзиното срце“, рече Инариту за новинарите.

„Алехандро Инариту ретко прифаќа да биде дел од некое филмско жири, а морам да кажам дека ова е првпат со фестивалот во Кан да претседава еден мексикански уметник. Кан е крстосницата на сите кинематографија, а овојпат посебно ќе ја славиме мексиканската кинематографија“, рече претседателот на фестивалот, Пјер Ласкур.