Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Пред вас е ново животно поглавје и без оглед дали сте свесни или не, сега треба да заминете и да оставите сè што повеќе не ѝ служи на вашата кауза. Планетите во Јарец ви носат средба со некоја лојална и важна личност: добивате инструкции, учите и напредувате. Добро го разбирате внатрешниот глас и се усогласувате со ситуацијата.

БИК: Месечината во Јарец секогаш има поволни вести во однос на материјалната реалност и денес е ден кога може да ги преточите своите визии во дела. Застанете на кратко за да разберете како напредувате и избирајте ги најдобрите опции за иднината. Ќе ја надминете збунетоста фокусирајќи се на круцијалноста на проблемот. Идеи.

БЛИЗНАЦИ: Аспектите од земјените знаци укажуваат дека денес ви е потребно утврдување: дојдени сте до критична фаза и треба да бидете рационални. Не дозволувајте си да ве обземат тешки и горчливи мисли, бидете пофлексибилни и покажете поголема толеранција. Пред вас се тешки потфати со голема одговорност: спремете се!

РАК: Денес е ден за забава: како да сте на чамец и лудувате! Направете обид да не претерате, бидејќи би можеле да зажалите. Иако сакате да ги прекршите правилата, прашајте се зошто реагирате толку силно на некој, кога не сте ниту инволвирани со таа личност. Само ако сакате да си ја задржите репутацијата, не мора да манипулирате.

ЛАВ: Не брзајте, бидејќи времето брзо лета: нема место за грешки. Господарете со ситуацијата, бидејќи сега ги имате сите потребни алатки за тоа: Марс во Бик ви укажува како да ги рафинирате проектите и постигнете благородност. Уживате во луксуз од сопствен вид и го фокусирате вниманието на повисоки идеали. Напорна работа, но се исплати!

ДЕВИЦА: Под заштита на убави влијанија, денес уживате во ретка среќа: што ќе влезе во едното уво, веднаш ќе излезе од другото и сега зрачите со необична радост и сјај. Ништо нема да може да ве вознемири! Користејќи ја својата флексибилна природа, спремни сте да простите, да бидете љубезни и широкогради, бидејќи се наоѓате на седмо небо.
ВАГА: По постигнувањето на добри договори, денес се фокусирате на потребите на својот дом и на своите најблиски. Дали е некој болен или му е потребна финансиска помош? Можеби помош од друг вид? Заборавете малку на работата и размислете за она што веќе го постигнавте: се ослободивте од финансиска неизвесност, уживајте сега.

СКОРПИЈА: Со Марс во Бик ќе треба да се поставите себе си во туѓа кожа: дали ви е точна или тесна? Се прашувате зошто саканите се темпераментни и побучни од очекуваното и тоа ви претставува тешкотија. Ако можете, работете сами и чувајте си го мислењето за себе. Не мора везден да сте во прв план. Ако гледате грешки, поправете се.

СТРЕЛЕЦ: Вашите проекти се во напредната фаза и денес им давате добар совет на најсилните, а ги поддржувате и најслабите луѓе кои што доаѓаат да ве чујат. Ги намалувате очекувањата и така го проширувате хоризонтот, гледајќи како различни луѓе напредуваат на различни нивоа. Ова е добра прогресија и сега сте задоволни. Успех.

ЈАРЕЦ: Зазорува ново утро: време е за креирање, но внимавајте на зголемениот шарм, страст и убавина, бидејќи во вас вријат силни емоции. Сега треба да сте егзактни, решителни и непопустливи во својата желба да го смените светот. Ова не е време за експериментирање, туку за решавање на конфликтите. Успевате да се издигнете! Резон.

ВОДОЛИЈА: Можеби не ви се допаѓа грубата реалност, но знајте дека сепак сте сакани: Јупитер од Стрелец ви дава поддршка во облик на некој пријател или роднина кој има време да ве сослуша и да ви даде добар совет. Не си задавајте преголеми задачи на работен план, штедете ја силата и обрнете внимание на здравјето. Медитација.

РИБИ: Со Месечината во Јарец се појавува некој стар пријател, кој ќе ви даде неверојатни информации: ќе бидете воодушевени! Уживате во необична среќа и Сонцето ви дава добра виталност: сето ова личи на знак од повисоките светови, верувајте ѝ на интуицијата. Погледнете околу вас и светот ќе ви даде одговор. Барајте и ќе најдете.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ