Чилиќ и Вавринка ги завршија настапите на Вимблдон


Нова сензација на овогодинешниот Вимблдон е факт. Минатогодишниот финалист, Марин Чилиќ (број три) отпадна од турнирот во Лондон откако дозволи пресврт против Гвидо Пеја и изгуби со 6:3, 6:1, 4:6, 6:7 (3), 5:7. Средбата започна вчера, но беше прекината поради дождот во Лондон и беше доиграна денеска.
Аргентински тенисер до оваа година го немаше поминато првиот круг на Вимблдон, но постигна исклучителен пресврт.
Така во третиот круг Аргентинецот ќе се сретне со Мекензи Мекдоналд (САД), на кој исто така му беа потребни пет сета за да го елиминира Николас Хари (Чиле) со 7:6 (5), 5:7, 3:6, 6:2, 11:9.
Освојувачот на три Гренд слем титули, Стен Вавринек пак беше елиминиран од Италијанецот Томас Фабиано. Дуелот започна вчера, но поради дождот во Лондон беше прекинат при резултат 2:1 во сетови за Фабиано.
Доигрувањето не траеше долго, бидејќи Вавринка го загуби тајбрејкот на третиот сет и на крајот загуби со 6:7 (7), 3:6, 6:7 (6) по вкупно 2 часа и 40 минути игра.
Вавринка кој е број 133 во светската ранглиста, првпат во кариерата ќе игра во третиот круг на турнир од „големата четворка“.
Џон Иснер (САД) се квалификуваше за третото коло на Вимблдон откако пласираше неверојатни 64 асови и на тој начин го забележа третото најдобро постигнување во историјата на турнирот. Иснер (број девет), победи со 6:1, 6:4, 6:7 (6), 6:7 (3), 7:5 против белгискиот тенисер Рубен Бемелманс.
Американецот, кој пропушти меч топка уште во тајбрејкот на третиот сет при 6:5 во своја полза, ќе игра во третиот круг против Молдавецот Раду Албот.
Светскиот рекет број еден, Рафаел Надал немаше поголеми проглеми во својот меч со Михаил Кукушкин и го совлада со 6:4, 6:3, 6:4.
Во следното коло се пласираше и Новак Ѓоковиќ, кој експресно го совлада Хорацио Себаљос со 6:1, 6:2, 6:3.
Од носителите во трет круг одат и Ник Кириос и Кевин Андерсон.