ЗОИ 2018: Чешката сноубордерка го направи најголемото изненадување во алпско скијање


Естер Ледецка од Чешка го освои златото во супервелеслалом и го направи најголемото изненадување во алпско скијање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Ледецка, чија специјалност е сноубордот, трката ја заврши за една минута, 21 секунда и 11 стотинки.

Чехињата беше само за една стотинка побрза од Ана Фајт од Австрија, која беше бранител на титулата освоена пред четири години во Сочи, а трета заврши Тина Вајратер од Лихтенштајн.

Ледецка најдобрите резултати ги има остварено во сноуборд и досега триумфирала на Светскиот куп во сноуборд, а е актуелна шампионка во паралелен велеслалом.